You are currently viewing ПРОФЕСОРКА ПО УСТАВНО ПРАВО И ПОМИЛУВАЊЕ НА ПРИПАДНИЦИ НА НАРКО КЛАНОВИ!?

Слоганот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат, а денес претседател на државата гордата Гордана, беше Македонија повторно горда!

Ако ги погледнеме изјавите на денешниот премиер професорот Мицковски, како и на денешната претседателка, професорката Гордана, пред изборите и после изборите, ќе си помислиме дека се работи за различни личности со дијаметрално спротивни ставови.

Од преспанскиот договор кој е спротивен на Уставот, волјата на нацијата и меѓународното право, каде тој не е реалност пред избори и може да се промени, до забрзано спроведување на менување на институциите кои носат предзнак македонски со национални после изборите, како и забрана за користење на името Република Македонија.

Од борба против организираниот криминал на новиот Министер за внатрешни Тошковски и безбедност во државата, до амнестирање на припадници на нарко кланови и криминалци кои поседуваат позамашен арсенал на оружје, без дозвола.

Оправдувањето кое го искажа професорката Гордана, за жал Претседател на нивната земја (нашата е Република Македонија) е недолично за титулата професор, а уште по нѐ долично за функцијата Претседател.

Господа професори и државници!

Единствена сила која го деформира системот, поготово правниот, е кешот!

Токму фелата професори, државни функционери испадна најподложна на таа деформација.

Друг мотив нема, за да се направи такво злосторство врз правниот систем на државата.

До сега не постои Влада која само за 100 дена толку бргу потрошила кредит на доверба од над 400 000 нејзини гласачи.

На Македонија и треба комплетен политички ресет, доколку не сакаме да ни се случи умирање на државата!


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница

Напишете коментар