You are currently viewing ДЕН КОГА ВЕШТЕРСТВОТО ДОБИ СВОЈА НОЌ

Пишува: Коста Јовчевски – Корчагин, член на Претседателството на Родина Македонија

31 Октомври е ден кога вештерството во западната цивилизација си доби своја ноќ – „Ноќ на вештерките“! И, притоа, тоа бил нивен голем празник. Колку за појаснување, овој „ празник“ се слави (а, што ли слават?) ноќта спроти востановениот христијански празник од страна на западната црква црква уште во VII век од страна на папата Бонифација IV – Денот на сите светци, како годишен празник на христијанските маченици.

Смислата на „празникот“ е контактирањето со натприродните сили кои се сметаат традиционално опасни за човекот (вампири, вештерки и други слични демонски суштества), па во таа смисла, по пат на подражавање на овие демонски претстави, тамошните луѓе се обидуваат преку маскирањето да го совладаат стравот од можното среќавање со своите мртви предци.

Овде не се поставува прашањето за религиозно толкување на овој профитабилен „празник“ и за негово разграничување од христијанските правила и обичаи иако окултно – сатанистичките сили на Западот се обидуваат преку овој празник да го демонизираат и самото христијанство. Впрочем, неговото „славење“ токму во ноќта спроти празникот на сите светци, укажува на тивкото и константно присуство и дејствување на окултно – сатанистичките пагански сили во правец на исмевање и ругање на христијанската традиција, со крајна цел негово уништување. Инаку, како би се објаснила изјавата на една личност која за себе тврди дека е вештерка, кога кажува дека христијаните и без да знаат го слават нивниот (вештерски) празник и дека тоа и(м) било мило (во иронична смисла, се разбира). Но, и ова: „Јас сум онаков каков што сте ме направиле…ѓавол, убиец…тогаш сфатете дека јас сум огледало на вашето општество“ (Чарлс Менсон и ден – денес познатиот сатанист и убиец). Ова се сиптоматични примери за патот по кој се движи западната цивилизација и, притоа, окултизмот го институционализирале. Да не заборавиме дека во Њујорк постои Центар за изучување на вампири, а според една анкета спроведена од овој „научен“ Центар низ државните институции за тоа колку често пиеле човечка крв (!) и дали имаат вампири во нивното семејство, многумина одговориле потврдно! Оттука, не е случајно осмислувањето во свој „голем“ празник – Ноќ на вештерките, односно на демоните и на се она што е происход од делувањето на сатанистите низ „демократскиот“ Запад. Веројатно затоа и не зачудува фактот дека Америка од своето формирање до денес, одвај 25 години не водела војна. Овие примери укажуваат дека со постоење на вакви и слични сатанистички форми (да се потсетиме само и на бројните тајни друштва, масонеријата и сл.), како и преку упразничувањето на демоноските претстави произлезени од такви активности, се отсликуваат и во окултната „Ноќ на вештерките“, на пример, и се потврдува дека славењето на сатанските празници и ликови не се моментална и минлива работа, туку тие имаат своја долга историја, но и практична примена.

И, колку за споредба: „Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните; не можете да учествувате во Господовата трпеза и од трпезата на демоните“ (10:21, Прво послание до Коринтјаните) или „Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лукавство, зашто нашата борба е против…темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.“ (6:12-12, Послание до Ефесјаните).

Затоа, изненадува ненадејната „популарност“ на овој „празник“ сред православна Македонија. Теркот е ист: штом доаѓа од Америка – добро е, затоа што „празникот“, главно, се слави во Америка и Канада, но и во западните европски земји. Знаат ли денешните родители, свесни ли се што прават, кога ги маскираат своите деца во вампири, вештерки, ѓаволи…? По кој повод го прават тоа и кого, што и зошто задоволуваат? Веројатно, некој ќе мисли дека тоа е само обична забава и дека не треба да се биде престрог во овие укажувања. Но, токму забавата е најлесниот начин за учење и прифаќање на нови несвојствени работи, но и за идно потенцијално вклучување во некои туѓи „вредности“ кои се спротивни на нашето општество, морал, религија, вера, традиција, култура… Не дозволувајте родители, роднини и пријатели – Македонци помодарството да навлезе во свеста на вашите деца кои, на крајот на краиштата, се и наши, зашто тоа што е денес „забава“, за кратко време ќе стане состојба. Доволно е да се потсетиме на нововоспоставениот „празник“ св. Валентајн кој од необјасниви причини станува култ, а е раширен од хомосексуалци и за потребите на хомосексуалците, а за жал денес „славен“ од голем дел од недоветен народ.

P.S. За осудување се оние портали кои се обидуваат да „аргументираат“ дека и ние сме имале во нашата религиозно – црковна традиција сличен празник – Духовден. Да ги потсетиме тие портали дека под Духовден се подразбира роденденот на светата Црква и слегувањето на Светиот дух врз апостолите. Каде во тоа овие портали гледаат тикви, вештерки и вампири?

Напишете коментар