СУВЕРЕНИЗАМ, НАРОДНА ИДЕОЛОГИЈА НА 1-от И 21-от ВЕК

Во изминативе неколку века од човековата историја продефилираа сите општествени системи именувани како капитализам, комунизам, демократија и последниов неолиберален и практично покажаа дека резултатите не зависат од името на системот, туку од устројството на тој систем во однос на природниот систем на вредности и во односот на системот кон сопствениот народ, човекот, Бога.Во сите политички системи има успешни и неуспешни примери и сите системи делат универзални вредности и отпадништво.Во суштина и самата потреба од постоење на цивилизација во седоволниот концепт на живот значи отпадништво, но за тоа во некоја друга прилика.Нашата искуствена историја како македонски народ и нашето колективно сеќавање вели дека 1000 годишната македонска античка држава е резултат на устроеност по природните принципи и вредносни системи, каде Благото на еден РОД или таканареченото БлагоРОДништво се грижи за…

ПрочитајСУВЕРЕНИЗАМ, НАРОДНА ИДЕОЛОГИЈА НА 1-от И 21-от ВЕК

НЕ СМЕАТ ДА НИ ЈА УКИНАТ И СВЕТАТА ПРИЧЕСТ!

Вештачки наметнатиот хаос со т.н. „корона вирус“, како стојат работите, нема дно. Приближно еден месец сме сведоци на нејасна борба на државата против нејасен противник. Настрана што секоја болест е проблем сам по себе и како таква  носи само трагични последици. Настрана што секој свесен и совесен човек и без да е непосредно загрозен, сочувствува со страдањата на другите околу него. Тоа е морална, културна реакција на секој поединец, зашто секому од нас му е дадено чувството на припадност кон една група, заедница или идеја. Но, случувањата на кои сме денес сведоци, а кои се одвиваат на глобално (светско) ниво, го доведуваат во прашање и моралното и културното. За среќа, можеби ја имаме историската привилегија да бидеме сведоци на пропаѓањето на мрачните глобал – фашистички позиции! И, така,…

ПрочитајНЕ СМЕАТ ДА НИ ЈА УКИНАТ И СВЕТАТА ПРИЧЕСТ!

КОРОНА 19, КАКО ВИРУС И КАКО АЛАТКА ЗА ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРОМЕНИ

Епидемиолозите ги изнесоа своите размисли за овој вирус кој го носи името Ковид 19, мутација на Корона вирус. Мерките и нивните препораки секако треба да се почитуваат.Статистиката излезе со податоците за смртност во последните неколку месеци, нема драстично зголемување на починати, се е тоа во некои „природни“ рамки. Најнеприродна е реакцијата на оваков тип на вирус со драстични мерки, карантин, затворање на граници,односно државите, стопирање на целокупната економска активност. Паниката која се крена околу овој вирус, вистински го оптерети здравствениот систем, но настаните што веќе започнаа да се случуваат во позадината на сето ова ја наговестуваат новата ера во развојот на човештвото и една од најголемите геополитички промени во историјата на планетата. Историјата сведочи за И-сторените работи, кои во последните 200 години изобилуваа со војни, оркестрирани револуции, геноциди,…

ПрочитајКОРОНА 19, КАКО ВИРУС И КАКО АЛАТКА ЗА ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРОМЕНИ

„РЕФОРМАТОРОТ“ МИЦКОСКИ

Среќна околност за народот македонски е секако, сознанието дека во нашите македонски редови располагаме и со реформатор. Реформаторот е претседателот на партијата ВМРО – ДПМНЕ, која себе си се смета за опозициска, а во реалноста делува како фракција во редовите на СДС. Имавме можност да прочитаме од фракционерските портали дека Христијан Мицкоски се сретнал со грчкиот амбасадор во Република Македонија, Димитрис Јанакис. Во атмосфера заснована, се разбира, на традиционално пријателство, Мицкоски на грчкиот амбасадор му рекол дека Владата на ВМРО – ДПМНЕ ќе се фокусира на суштински реформи! Ова, по сè изгледа длабоко го трогнало амбасадорот, барем по изразот на неговото лице прикажано на сликата на фракционерскиот портал, а тоа, пак, му дало поттик на Мицкоски да ја елаборира својата посветеност кон реформаторскиот процес кој нè очекува (оваа…

Прочитај„РЕФОРМАТОРОТ“ МИЦКОСКИ

ОКУПАТОРОТ НАТО И 114те ПРЕДАВНИЦИ

  • Post category:Колумна

Се случи и тоа, фашизмот триумфираше во центарот на Скопје по втор пат во еден век. По втор пат фашистите преку негација на Македонците прогласуваат своја држава на територијата на Македонија.  Првиот пат тоа го сторија во 1944 година, преку бугарска воена агентура со помош на домашни предавници, а сега со албанската терористичка инсталација и повторно со одред домашни предавници, 114 на број. И нормално, посредникот го има главниот збор на својот јазик, тогаш на бугарски, сега на албански. Продадените македонски души седат во собраниските столчиња и аплаудираат, веројатно секој пропорционално по интензитет со колачот што го голтнал. Вреди ли? Вреди ли ова предавство за срамот што нивните семејства со генерации ќе ги јаде читајќи си ги имињата во историските читанки на своите блиски во својство на предавници?…

ПрочитајОКУПАТОРОТ НАТО И 114те ПРЕДАВНИЦИ

ШИН ФЕЈН

  • Post category:Колумна

Има нешто во ирската култура, водените брегови, гребени и пасишта што ме потсетува на дома. Неможам да ги избегнам споредбите за истоветната историска судбина како поробен народ и нивната борба за свој сопствен идентитет и сопствена земја. Ирскиот патриот Роџер Кејсмент напишал: Знам за две трагични истории во светот – таа на Ирската и таа на Македонија. И двете биле угнетувани и мачени. Роџер Кејсмент го платил својот патриотизам со неговиот живот. Нашите револуционери исто така биле убивани и мачени за Македонија. Денес кога Ирска се бори за својата независност и обединување тоа треба да биде искрата надеж за Македонската борба за сопствената слобода и независност.  Минатата недела беше историска за ирскиот народ кој за прв пат и речиси неочекувано се разбуди со можноста да биде воден од…

ПрочитајШИН ФЕЈН

СМРТ НА НАРОДОТ – СЛОБОДА НА ФАШИЗМОТ!

  • Post category:Колумна

Кога доаѓа времето живите да им завидуваат на мртвите и кога ниту на мртвите им е допуштена привилегијата да почиваат во мир зашто по коските нивни газат тешки странски чизми, а душата им е обеспокоена од демонски лаги, измами и белосветски преваранти и кога на ваквата состојба „гарант“ ќе им биде НАТО, тогаш има само една констатација: тешко нам! А, кога на овие западни терористички орди кои убиваат и живо и мртво под закрила на сатанизираната држава на Американците, ќе им се приклучат уште и 114 од 116 поранешни Македонци, а сега измеќари во служба на демонот, тогаш имаме уште потежок заеднички именител за состојбата во која се наоѓа Македонија – црнила! Денес, приемот во фашистичко – геноцидната НАТО алијанса се прогласува за свечен чин, но повеќе наликува…

ПрочитајСМРТ НА НАРОДОТ – СЛОБОДА НА ФАШИЗМОТ!

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ЈАВНА КУЌА

  • Post category:Колумна

Законот за Јавно обвинителство не е закон на постоечка држава, не е предложен и изгласан од легитимна Влада или Собрание и не е правно издржан. Текстот на онаа хартија која ја нарекуваат Закон е во спротивност со срушениот Устав и спротивен на интересите на држава која сака да опстане. Намерно, со умисла и план, тој наметнат Закон ќе послужи да ја уништи нашата држава до крај. Ако македонскиот народ се залага за опстанок на своите синови и ќерки треба да го отфрли овој чин и сите други нелегални дејствија на таканаречената Влада и Собрание, и тоа со најстрог протест и со најстроги народни мерки кои ни се на располагање. За жал, не чувствувам дека тоа ќе се случи. Немаме народни водачи кои не се плашат од властите, а…

ПрочитајЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ЈАВНА КУЌА

Во чест на годишнината од раѓањето на Македонскиот Великан – Гоце Делчев!

  • Post category:Колумна

Подготвено од  Елизабета Чингарова Матевска, по повод 148 год од раѓањто на Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 - Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостолот и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во нејзината футрола. Камата, неговиот (Гоцевиот б.н) најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност. Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна. Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт…

ПрочитајВо чест на годишнината од раѓањето на Македонскиот Великан – Гоце Делчев!

ММЕ КОЈ ПРВ ПОЧНА

  • Post category:Колумна

Лоши времиња дојдоа, опасно е да не се занимаваме со политика. Да, знам обратно нѐ учеа, дека мешањето во политика знаело да биде опасно, но нашата дистанца од политиката и оставањето на нештата да ги водат т.н. политичари не е опасно, туку погубно. Кои се политичарите кои нѐ водеа изминативе години? Нашите. А за чии интереси работеа? За сечии, само не за наши. Зошто? Затоа што не се занимававме со политика, таа работа им ја остававме ним, за тоа ги плаќавме. Упс, за тоа нѐ оданочуваат, односно крадат. Бељата е започната некаде по наводното ослободување од фашизмот (наводно бидејќи за Македонците прогонот почнат од тогаш во континуитет трае до сега, значи допрва нѐ чека борба и македонско ослободување), односно формирањето на современата асномска македонска држава. Неполна година по…

ПрочитајММЕ КОЈ ПРВ ПОЧНА