ПРОДОЛЖУВА КРШЕЊЕТО НА НАРОДНАТА ВОЛЈА – ОДРОДЕНОТО СОБРАНИЕ ГЛАСАШЕ ЗА НАТО!
Денешната ратификација за влез во НАТО од страна на македонското окупирано Собрание е уште едно грубо прекршување на волјата на македонскиот народ изразена на референдумот од 30.9.2018 година. Имено, на тој референдум на кој беа поставени прашања за промена на уставното име и истовремено се бараше согласност за членство во северно атлантската воена организација, не беше исполнет цензусот од 50% +1 од запишаните граѓани во избирачкиот список. Со тоа промената на името, која подоцна нелегално беше изгласана во Собранието и денешниот чин на ратификација за влез во НАТО се НИШТОВНИ и се плод на криминален акт на прекршување на Уставот и законите на Република Македонија. Родина Македонија ги предупредува пратениците од законодавниот дом дека со овие незаконски акти тие не ја почитуваат волјата на граѓаните, јасно изразена на…