БУГАРСКИОТ (ЕВРОПСКИОТ) ФАШИЗАМ ПУШТЕН НА НАЈЈАКО ВО МАКЕДОНИЈА
На 7 октомври 2022 год. е најавено отворањето на вториот клуб на Бугарите во Македонија, во Охрид под контроверзно име „Цар Борис III“. Поразителна информација е и тоа што е објавено на социјалните мрежи од извесен Виктор Стојанов од Фондацијата Македонија од Бугарија, дека наскоро треба да очекуваме промоција на уште едно бугарско здружение кое ќе се отвори во Богданци и ќе го носи името „Цар Фердинанд“. Сега, во „селото без кучиња‘‘ бугарските фашисти заедно со внатрешните предавнички изроди воведуваат самоволие и диктатура, преку флоскулата - законски недоречености. БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ КЛУБОВИ низ македонската земја си никнуваат како отровни печурки во секој град. Повеќе од тривијално е да се објаснува законската можност, која овозможува да се формираат т.н. клубови под имиња на докажани фашисти („Ванчо Михајлов“, „Цар Борис III“),…