ЈАВНА ПОДДРШКА ЗА НАРОДОТ И ЗЕМЈАТА КОИ ПОЛОЖИЈА 24 МИЛИОНИ ЖИВОТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ФАШИЗМОТ!
Македонскиот народ добро знае што е „Портокалова револуција“ која се случи во Украина во 2014 година.Знае, затоа што таа е идентична со „Шарената револуција“ во Македонија од 2015 година, каде човечкиот олош од нашите народи дојде на сцена со помош на западните планери, инаку веќе познати во над 80 земји во светот, за рушење на уставниот поредок на суверените земји. Македонскиот народ добро го познава фашизмот, беше дел од антифашистичката коалиција, каде благодарение на успехот на Црвената армија и нејзиниот влез во Белград, го крена АСНОМ и ја создадена Народна Република Македонија. Македонскиот народ добро се сеќава и на првата западна интервенценција после Втората светска војна на тлото на Европа, кога со напалм бомби беа бомбардирани селата и градовите на Македонците во Егејска Македонија од страна на Велика…