ПОВИК ДО СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ЗА ЗАЕДНИЧКО СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГИТИМНИ И НЕЗАКОНСКИ ИЗБОРИ
Изборите на 15ти Јули се нелегитимни по многу основи како: нивната незаконитост, антиуставност, бирање на дата која се коси со законите, нарушувањето на правото да се бира и да се биде биран, како и самата насилност, неморалност и корумпираност на изборниот процес! Правото на Родина Македонија да поднесе изборни листи за идни избори со уставно и законски закажана дата, незаконски беше одбиено на 9ти Јуни 2020, уште пред тие незаконски и насилно да бидат закажани за 15ти Јули. Ова, како и исклучувањето на две други партии, го крши основното уставно-загарантирано право на секој граѓанин да има право на глас и да има право да бира и да биде биран, туку му се нуди анти-уставно пре-селектиран избор. Исто така, сега закажаната дата од 15ти Јули се коси со распишаните…