Во финансиските документи на нашата окупирана држава предводена од квислинзи и кои се објавуваат со задоцнување а и се штимани како изборите на ДИК за да не се преплаши народот, има два стравични детали, Дефицитот и Долгот. Забележете во месец Мај имавме 6,766 милијарди денари дефицит или 110 милиони евра само за месец Мај или -18,903 милијарди денари, 305 милиони евра само за првите 5 месеци.

А што е со останатите месеци до крај на година? Дали Македонскиот буџет може да издржи Дефицит од по 110 милиони евра месечно? А да не зборуваме дека Јуни и Јули со огромното квази-изборно трошење наши Македонски пари за лични профитерски политички интереси на однадвор-поставените корумпирани квислинзи за незаконските и украдени избори со нелегитимни штелувани резултати. И со познатите финансиски танки и критични месеци септември и октомври?

Со вакво темпо корумпираните тендераши за изборната 2020 ќе дојдат до 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ? Кој ќе го плаќа! Секако не нашите деца и внуци, затоа што е неотплатлив и затоа што завршува во приватни корумпирани џепови на предавниците.

И уште пострашното, отплата на долгови до месец Мај.  До месец Мај владата има исплатено 245 милиони евра долг, од кој 38 милиони евра се камата… Со ова темпо до крајот на годината ќе платиме 100 милиони евра само камата?

Целта на нелегитимната Хунта е токму тоа, крадење и лично богатење и намерен економски државен колапс, со цел раздавање на Македонските јавни добра за без пари и за наше вечно национално и економско ропство.

Затоа Родина Македонија ќе го отпише целиот надворешен долг на Македонија направен од корумпираниве и нека си ги бараат украдените пари од нив, не од нас!