АПЕЛАЦИЈА ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА ГОРАН ШУМКОСКИ, БИВШ ПРЕТСЕДАВАЧ И ЧЛЕН НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Цели пет месеци му беа потребни на регистрациониот Суд да спроведе легитимна Одлука на Претседателството на Родина Македонија за промена на својот прв претседавач кој се сврте против своите сопартијци! За жал, предолго траеше оваа сага, од септември 2020, до февруари 2021 година! Конечно пристигна и долгоочекуваното Решение на АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ деновиве, иако била донесена уште во декември, 2020 година. Истата је пренесуваме во Прилог на овој текст. Како што може да се види од истата, Судот ја потврдува промената на Претседавачот на политиката партија Родина Македонија. Во јавноста малата група одметници, кои позади грб на органите на партијата, со месеци планирале нејзино целосно редефинирање и преземање, ширеше дезинформации за некаква нивна масовност на Централниот одбор одржан во Прилеп на 11.Октомври 2020 година. Цитираме дел од Решението…