БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР КИРИЛ ПЕТКОВ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА БУГАРИЈА ИЛИЈАНА ЈОТОВА В САБОТА ВО БИТОЛА ЌЕ ГО ОТВОРАТ КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР НА СОРАБОТНИКОТ НА ФАШИСТИТЕ, ВАНЧО МИХАЈЛОВ!
Пред да ја дадеме наша рекација, би сакале да дадеме еден увид во тоа кој е Ванчо Михајлов? По 19-мајскиот преврат и забраната на ВМРО (1934) бил тајно пренесен во Турција (официјално емигрирал), а оттаму заминал во Полска (1938). За време на Втората светска војна престојувал во Загреб, кај Анте Павелиќ како негов специјален гостин и соработувал со германските воени служби. По доаѓањето на Германците во Загреб Михајлов се преселува во Виена каде живее како специјален гостин на Нацистите. Пред крајот на војната, со поддршка на Германците, дошол во Македонија, Скопје, септември 1944, со задача да формира квислиншка Независна Држава Македонија, но не нашол на поддршка. Родина Македонија прашува, зошто во 2022 година, високи официјални лица на Бугарија, заедно со членови на УЧК, односно ДУИ и статисти Македонци…