ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ЗАПОЧНА ОД МАКЕДОНИЈА ОД ВЕЛИКИОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ,
дали таа ќе го смени насилно демонстрираниот хегемонистички правец, насочувајќи го кон нејзиниот изворен хуманистичко просперитетен модел на взаемно почитување на народите. Се поставува логично прашање, дали грото светско население се уште не сфаќа дека ширењето на пандемијата на коронавирусот ковид 19, на планетава, системски го менува светското општевствено уредување . Индициите не се јасно дефинирани во кој правец ќе бидат сериозните промени, а не е за занемарување дека тие во голема мера ќе зависат од конкретните активности на суверенистите, наспроти загрозените глобал-либерал-капиталисти. Со едноставни зборови коронавирусот го стопира развојниот процес на глобализацијата и го стави на масата на преиспитување на нејзината системско суштинска агенда. Според извори на Webtribune во една спроведена анкета, своето еминентно мислење го изразиле повеќемина авторитети од различни области од повеќе држави од светот,…