“СЕГА МУ Е МАЈКАТА” ДА ЈА ДОБЕТОНИРАТЕ „СЕВЕРНА“ НА ПАТОТ КОН ЕУ!?
За така наречениот ‘‘МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ‘‘, меморандум од 3 декември 2020 година, во Скопје, Македонија, со кој се огласија Македонската академија на науките и уметностите, Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ – Скопје . Документот е потпишан од претседателот на МАНУ, акакдемик Љупчо Коцарев, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, Неговото Блаженство Господин Господин Стефан и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски. Меморандумот започнува, ‘‘Во овие судбински денови за европската иднина на македонската суверена и самостојна Република, ние, легитимните претставници на…‘‘ Судбински денови!? Зошто овие денови се судбински!? Кој тоа процени дека токму овие денови СЕ‘ но и МОРА да бидат судбински!? Токму Вие Господа ги премолчевте или ги прифативте сите досегашни предавства!? Да Ве потсетиме, Преспанскиот договор, Бугарскиот договор, Тиранската платформа…