СООПШТЕНИЕ: ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО РОДИНА МАКЕДОНИЈА

До нас пристигна соопштение од седница на некаков Централниот одбор на Родина Македонија Орг, објавено на интернет адреса, која навидум треба да е Родина Македонија, а не е. (https://rodina-makedonija.org/). Симптоматично е што веб адресата воошто не е ниту македонска, туку регистрирана во странство (Лондон). Интересен момент е што Основниот Граѓански Суд (Регистрациониот суд), спротивно на неговите законски надлежности, повеќе од еден месец ја кочи промената на официјалното лице на партијата Родина Македонија, што претставува грубо мешање во внатрешните работи на партијата и директно влијае на не функционирањето на политичката партија Родина Македонија! Според Статут, официјален застапник на Родина Македонија е претседавачот на претседателството.Член 36, став 3,Претседавачот ја претставува и застапува Родина.Став 4,Претседавачот се избира од редот на членовите на претседателството.Став 5,Претседавачот има мандат од две години, а се…

ПрочитајСООПШТЕНИЕ: ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО РОДИНА МАКЕДОНИЈА

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Почитувани членови, подржувачи на Родина Македонија, Сакаме да ве известиме дека во јавноста се појави интернет страна, како и групи на социјалните мрежи, под знакот и логото на Родина Македонија. Официјалната интернет страна на Родина Македонија е www.rodina.org.mk,официјалната електронска пошта го содржи домаинот rodina.org.mk,официјална фб страна: https://www.facebook.com/rodina.makedonija,официјална фб група: https://www.facebook.com/groups/rodina.makedonija Како претседателство, должност ни е да укажеме дека настанот кој е најавен како Централен одбор на Родина Македонија закажан за недела (11 октомври) во Прилеп, од страна на група незадоволни членови, денеска во добар дел и исклучени, е настан кој е организиран надвор од Статутот на Родина Македонија, позади грб на поголемиот дел од претседателството и членството на Родина Македонија. Родина Македонија од прв ден се крева како организација во која колективот е поставен многу повисоко во однос на поединечните интереси.Во…

ПрочитајОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Родина Македонија го чевствува и го честита 11-ти Октомври, Ден на востанието на Македонија, на родољубивиот македонски народ и лојалните граѓани. Преточено, народно и поетски опеано, ‘‘ПУКНА ПРВАТА ПУШКА во Прилеп и Куманово‘‘ , како вековен стремеж за борба, слобода, мир. За жал во предвечерјето на овој национален празник,”Ден на народното востание на македонскиот народ”, од повеќе страни ни пристигнуваат недолични ‘честитки‘ кои во целост го депласираат и го деморализираат значењето на овој светол ден во македонската историја. А воедно и целата антифашистичка ослободителна борба, како продолжение на илинденското востание и неостварениот идеал за сопствена држва на македонскиот народ наспроти, бугарските, германските, италијанските фашистички окупатори и нивните соработници преку акциони комитети, формирање на разни фашистички и националистички организации, организираното воено дејствување на балистите и други, за време на…

Прочитај11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Македонска Платформа и Црвени Линии! Со Суверенистичкиот Бајрак или под Предавничкиот! Бирајте!

Родина Македонија ги објавува Македонските Црвени Линии со изворна Македонска Платформа 2020 околу која ќе се собере чистиот, некорумпиран и непоткуплив Македонски суверенизам и со која или со пенкало со политичка револуција на избори или од улица ќе ги урнеме предавниците и ќе ја вратиме Македонија на Македонците! Родина Македонија со ширењето на терен преку се побројни и помасовни општински комитети и собирање на врвен квалитет во 26те комисии и детална разработка на суверенистичката победничка визија со програмата Вистинскиот Македонски Пат, станува единствената организирана сила која ќе ја води борбата, и тоа токму онаму каде што корумпираните елити и нивни политички инсталации и контролирани опозиции одбиваат да ја водат: Борбата меѓу суверенизмот на слободољубивите народи на светот и глобалофашистичкото зло кое сака да ги избрише државите и границите…

ПрочитајМакедонска Платформа и Црвени Линии! Со Суверенистичкиот Бајрак или под Предавничкиот! Бирајте!

НАГРАДА!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА распишува НАГРАДА за ТОЈ кој ќе најде објава за Родина Македонија во националните медиуми, јавниот сервис, весниците, од 1-от ден од најавата за инцијативата Родина Македонија (13 јануари 2019), целиот процес на регистрација (од 23.12.2019), до денеска како политичка партија! Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“ http://rodina.org.mk/pristapnica/

ПрочитајНАГРАДА!

ЗА САМО ЕДНА ГОДИНА НАДОАЃАЧКАТА ЕКОНОМСКА АПОКАЛИПСА НА КОРУМПИРАНИТЕ ДОНЕСЕ УШТЕ МИЛИЈАРДА НОВ ДОЛГ!

Родина Македонија ја смета за намерна неодговорноста и некомпетентоста на корумпираните нелегитимни власти, кои со финансиското уривање на Македонија го одработуваат воведувањето на вечно финансиско ропство и раздавање на нашите заеднички блага и ресурси на глобалофашистите на барабан и за без пари! За Родина намерниот финансиски крах на хунтата ќе биде и ќе остане само нивен крах, на нивен грб и од нивни џеб а не на сметка на македонскиот народ и идните наши генерации! По нашата претходна објава за финансискиот извештај до месец Мај, продолжувањето на финансискиот криминал и наметнатиот економски колапс се потврдува и тоа со зголемен интензитет и во најново објавениот финансиски извештај до месец јуни 2020. Сите овие документи се официјални и објавени на сајтот на Министерство за Финансии. Ако ги согледаме бројките и…

ПрочитајЗА САМО ЕДНА ГОДИНА НАДОАЃАЧКАТА ЕКОНОМСКА АПОКАЛИПСА НА КОРУМПИРАНИТЕ ДОНЕСЕ УШТЕ МИЛИЈАРДА НОВ ДОЛГ!

РОДИНА поставува правен темел не само за поништување на незаконските избори туку и за затвор за криминогените квази-избори!

Родина Македонија на 30ти јули 2020 поднесе барање до Уставен Суд на Република да ги поништи незаконитите квази-избори од 15ти јули 2020. Незаконитите и штелувани избори дали по одлука на овој состав на Уставен Суд или пак некој следен, ЌЕ БИДЕ ОСНОВА НЕ САМО ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ТУКУ И ЗА ЗАТВОР ЗА ОНИЕ КОИ КРИМИНОГЕНО ГИ УКРАДОА И ШТЕЛУВАА ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД! Покрај ова, претходно ги разголивме и извадивме на виделина пред цел македонски народ некадарниве и безобразни апаратчици од ДИК под контрола на корумпираниве кога на легално и уредно регистираната партија Родина Македонија (и на 2 други партии) на 9ти Јуни 2020 им беше ускратено правото да поднесат изборни листи за идни избори во септември или октомври како што беше единствено можно…

ПрочитајРОДИНА поставува правен темел не само за поништување на незаконските избори туку и за затвор за криминогените квази-избори!

Намерен Економски Колапс на Хунтата: 100 милиони евра само камати за долг и до 1 милијарда буџетски дефицит за “изборната” 2020!

Во финансиските документи на нашата окупирана држава предводена од квислинзи и кои се објавуваат со задоцнување а и се штимани како изборите на ДИК за да не се преплаши народот, има два стравични детали, Дефицитот и Долгот. Забележете во месец Мај имавме 6,766 милијарди денари дефицит или 110 милиони евра само за месец Мај или -18,903 милијарди денари, 305 милиони евра само за првите 5 месеци. А што е со останатите месеци до крај на година? Дали Македонскиот буџет може да издржи Дефицит од по 110 милиони евра месечно? А да не зборуваме дека Јуни и Јули со огромното квази-изборно трошење наши Македонски пари за лични профитерски политички интереси на однадвор-поставените корумпирани квислинзи за незаконските и украдени избори со нелегитимни штелувани резултати. И со познатите финансиски танки и…

ПрочитајНамерен Економски Колапс на Хунтата: 100 милиони евра само камати за долг и до 1 милијарда буџетски дефицит за “изборната” 2020!

ОТВАРАЊЕ НА ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ РОДИНА МАКЕДОНИЈА – ПРИЛЕП

Почитувани, Ја имаме таа чест да Ве поканиме на отварање на канцеларијата на Општинскиот Комитет Родина - Прилеп, која се наоѓа на Кејот 9 Септември (локал 48).Настанот ќе се одржи среда, 22 јули.Притоа ќе одбележиме и 2376 години од раѓањето на македонскиот басилеј Александар III Македонски, со посета на неговиот споменик, 18 часот.За 20:00 предвиден е коктел за гостите. Повелете!

ПрочитајОТВАРАЊЕ НА ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ РОДИНА МАКЕДОНИЈА – ПРИЛЕП

ПОСЛЕ МЕГА АФЕРАТА „АТЛАНТИК“, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ И СДС НЕ МОЖЕ ДА ОРГАНИЗИРААТ ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА е згрозена од УДБА методите на УБК, каде продолжува прогонот на Македонци за македонизам и во 21 век. Следењето на Македонци, кои сосема легитимно се организираат за Бојкот на Референдумот, под обвиненија за тероризам, преставува грубо кршење на основните човекови права и злоупотреба на службена положба и овластување и само по себе претставува државен тероризам врз народот и грубо приватизирање на државниот апарат за лични политички и финансиски профит, за кое постои строга законска казна. Како министер за внатрешни Оливер Спасовски, во владата на „премиерот“ на нелигитимната „Северна” Зоран Заев, директно одговорни за оваа МЕГА АФЕРА на невидена злоупотреба на нашите заеднички и со наши народни платени државни институции за тесни лични интереси на нелегитимно поставенти слуги на пропаднатиот глобалофашизам, бараме да одговораат за сторено КРИВИЧНО…

ПрочитајПОСЛЕ МЕГА АФЕРАТА „АТЛАНТИК“, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ И СДС НЕ МОЖЕ ДА ОРГАНИЗИРААТ ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ!