ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО ДИК (Државна Изборна Комисија) НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

После неуспешните обиди преку официјалните електронска пошта и телефонски броеви да добиеме информација колкави средства и припаѓаат на Родина Македонија за изборната кампања, Родина Македонија и јавно го прозива ДИК, два дена пред почеток на изборната кампања.Господа од ДИК, колкави средства и припаѓаат на Родина Македонија и на уште 110 други субјекти кои не се во Собранието, за изборна кампања?Би сакале да ја информираме јавноста и за донесените измени 1 минута до 12 од страна на ДИК, каде трошките 10%-те од вкупните средства наменети за изборна кампања на вонпрламентарни партии, 7% се префрлија на партии кои се во Собранието а немаат собраниски групи, а само 3% останаа за над 110 субјекти учесници во локалните избори.Позицијата и опозицијата земаат 90% од средствата за изборна камапња!Нам сосема ни се јасни…

ПрочитајЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО ДИК (Државна Изборна Комисија) НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ЈАВЕН ПОВИК

КОАЛИЦИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВИСТИНСКИТЕ НАРОДНИ ДВИЖЕЊА, до Македонците по род и државјанство.Креирање на НАРОДНИ ЛИСТИ И КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТНИЦИ на општините во Република Македонија.ДА ГИ ВРАТИМЕ ОПШТИНИТЕ ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ И КАКО ДЕЛ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!Катастрофалната, самоуништувачка 30 годишна досегашна политичка агенда на најголемите политички партии се причина за тоталниот распад на државата Македонија, е најголемиот поттик за една оваква взаемна коалиција.Само македонскиот народ, кој е суверенот на нашата држава може и има право да одлучи кој ќе го преставува во институциите на системот.Водени од парадигмата дека секој од нас најдобро знае кој во неговата средина би можел да биде негов репрезент, упатуваме повик за предлози за кандидати за градоначалници и советници.Основната идеолошка матрица на РОДИНА МАКЕДОНИЈА е родољубието, честа, моралот, знаењето и професионализмот…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА, ЈАВЕН ПОВИК

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА РУСИЈА“ УПАТУВА СРЕДЕЧНИ ЧЕСТИТКИ ДО РУСИЈА И РУСКИОТ НАРОД!

По повод националниот празник на Руската федерација, Денот на Русија, на братски руски народ испраќаме средечни честитки во име на членовите на Родина Македонија. Нашите определби се односите меѓу Македонија и Русија во иднина да бидат на ниво на братски народи и држави, природни сојузници во зачувување на заедничките вредности на православната цивилизација, култура и кирилска писменост, семејство, традиција.

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА РУСИЈА“ УПАТУВА СРЕДЕЧНИ ЧЕСТИТКИ ДО РУСИЈА И РУСКИОТ НАРОД!

Родина Македонија дава целосна поддршка на утрешниот протест на родителите против погубната политика на министерството за образование

Згрозени сме од упорноста на министерката Цароска да ги истурка најавените ,,Реформи" во образованието со кои директно се атакува здравиот раст и развој и интегритетот на децата кои се нашата иднина. Не можеме, а да не реагираме на искажаната дрскост кога претставниците на родители кои во огромен број се спротивставуваат на целосна дигитализација во училиштата не беа примени и сослушани од оној најповиканиот – одговорниот министер на платен чек на Буџетот, оној кој е платен од истите тие родители.Го оссудуваме начинот на носење на овие т.н. „реформи“ – без пилот програми, без мерење на резултати, без јавни консултации, дебати, без состаноци со родители, психолози, социолози.Како политичка партија, но пред сѐ како родители, сме загрижени и од фактот што Цароска агресивно и по секоја цена вметнува т.н. родово-сензитивно образование,…

ПрочитајРодина Македонија дава целосна поддршка на утрешниот протест на родителите против погубната политика на министерството за образование

РЕАКЦИЈА И ОДГОВОР НА НАМЕТНАТИТЕ ДИЛЕМИ

Почитувани браќа и сестри Македонци и сите добри и чесни луѓе:Родина Македонија даде поддршка на семакедонскиот протест закажан за 25.04.2021г. против хунтата, а за поддршка на браќата уставобранители, неправедно осудени и стигматизирани како терористи. Поддршката беше јавно искажана, а повикот за мобилизација на членството и симпатизерите, но и што поголема присутност беше објавена на 04.04.2021год. непосредно по пријавувањето на протестот од страна на Светскиот Македонски Конгрес.Со цел да се избегнат сите инсинуации, тенденции и лукаво-политикантски спинови,Родина Македонија сака јавно да ги потврди следниве ноторни факти:Протестот е во организација на “Македонците од светот” - повеќе здруженија и организации сплотени во координативна мрежа (не го употребувајте туѓиот збор дијаспора), кој во Р.Македонија е пријавен и покренат од СМК.Родина Македонија даде безрезервна поддршка на настанот веднаш по директното обраќање до нас…

ПрочитајРЕАКЦИЈА И ОДГОВОР НА НАМЕТНАТИТЕ ДИЛЕМИ

ПОДДРШКА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

Родина Македонија смета дека Р.Македонија е владеена од тоталитарна и деструктивна хунта која што уништува се македонско. Нејзиното владеење започна со фрлањето во зандана на нашите браќа уставобранители, кои го бранеа уставниот поредок на Република Македонија.На 27.04.2017 година започна погибелта на Македонија и Македонците со фингираниот случај “жртви на тероризам”. Истиот фингиран и крајно перфиден настан беше искористен за правење пуч врз легитимната власт, настан кој е финале на хибридната војна водена од надвор. Во тој подмолен чин хунтата осуди луѓе само затоа што пееле песни во “Народното собрание на Р.Македонија”, додека во истиот ден НЕУСТАВНО, надвор од СОБРАНИСКА СЕДНИЦА, БЕЗ ПОТРЕБНО МНОЗИНСТВО избра Претседател на Собрание.Осуди родољуби и честити луѓе на 20 години затвор за две шлаканици или скубење за коса. Вистинските терористи тогаш го започнаа својот…

ПрочитајПОДДРШКА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

ЕДНА ГОДИНА ОД РЕГИСТРАЦИЈА НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

Се кренавме на нашите изворни вредности: РОДот, семејството, поРОДот, наРОДот, приРОДата, РОДината. Ја вградивме традицијата, духовноста и моралот во нашето организирање, идеологија, програма.Веруваме во способноста и волјата на македонскиот народ да ги земе работите во свои раце, за да ја врати државата на изворните принципи и вредности на македонскиот народ.Лидери од многу здруженија, движења ја препознаа токму Родина како движечка сила на Родот наш македонски. Се обединивме за да ги заштитиме и индивидуалните и колективните права на македонската нација, кои сѐ повеќе се загрозени од франкештајн креатурата „Северна“.Годината беше исполнета со удари од системот, од внатре, кривични пријави и притисоци кон наши членови, целосно игнорирање на медиумите на сите наши објави.Година во која и Статутот профункционира при првиот обид да се измени колективниот начин на одлучување, кој е…

ПрочитајЕДНА ГОДИНА ОД РЕГИСТРАЦИЈА НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

#НемаЗаконНемаПопис

Го повикуваме Македонскиот народ и сите добронамерни реални луѓе да не ги признаат резултатите од наместениот, безаконски, нелегален т.н попис.Кажете НЕ, на секојдневните сепоголеми безочни криминали на хунтата.НЕ на #етноцид на МакедонецотНЕ на буквалната распродажба на Р.Македонија

Прочитај#НемаЗаконНемаПопис

ДОНИРАЈ ЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Не потклекнавме, не припаднавме никому. Сами, без должничко - доверителски односи, создадовме организација, со најдоброто од нас, за родот наш македонски и за Македонија. Се издигнавме на темелите на милениумската македонска култура, традиција, вредности. Веруваме во подобра иднина за нашиот народ и земја!  Го гледаме новиот повеќе-поларен надоаѓачки свет, постзападен и храбро го најавуваме новото време. Ќе го вратиме Суверенот во центарот на одлучувањето. Организации кои за возврат бараат повеќе отколку што даваат, нема да бидат на нашиот радар.  Јасно и недвосмислено ја почитуваме волјата на македонскиот народ, со референдумите од 8 септември 1991 и 30 септември 2018 година. НЕ за НАТО, НЕ за ЕУ, Враќање на Македонија.  Така почнавме, така ќе продолжиме и понатаму со вечниот идеал, Македонија на Македонците и верни само на својот народ! Секоја…

ПрочитајДОНИРАЈ ЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

ПОВИК ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО!

После внатрешните случувања во нашата партија, кои завршија со судските одлуки, каде јасно и недвомислено се укажа кој работи по Сатутот на Родина, а кој не, чесно е да повикаме на ажурирање на членството и започнување на процес на брзо консолидирање со членови кои го прифатиле нашиот начин на работа, „по Статут“ на Родина Македонија. Тоа можете да го направите преку електронската пристапница  http://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/ Преку пополнување на пристапница во ПДФ формат (Се доставува по пошта или лично) Или со посета на нашата канцеларија, нашиот тим, на адреса Никола Парапунов 3а-52 (високите кули кај мостот Обединети нации). Гугл локација https://goo.gl/maps/5qrtXo85pZC1v1XV6. Секој член ќе добие нумерирана членска карта, со која го потврдува членството во нашата организација. Родина Македонија

ПрочитајПОВИК ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО!