ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ПОСЛЕ ВЕК И ПОЛОВИНА ГИ ОБЕДИНУВА МАКЕДОНЦИТЕ!
Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба, нашиот учител кој го будеше поробениот македонски народ од вековното турско ропство, после век и половина повторно го обединува и сплотува македонскиот народ, токму околу идеалот за НЕЗАВИСНА, СУВЕРЕНА МАКЕДОНСКА држава. Политички партии со различни идеологии, организации, поединци, сите сплотени во мислата и идеалот заедно ќе го чуваат почивалиштето на нашиот Гоце Делчев од врховистички игри кои, како и во ХIX век, така и денес, се водени од западните центри на моќ. Родина Македонија како суверенистичка и народна партија упатува јавен повик до своето членство, симпатизери и народот македонски за мирно и достоинтвено бдеење пред почивалиштетото на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, од петок попладне, па сѐ до сабота, кога делегација ќе положи цвеќе. Од четворицата синови на Никола и…