ДЛАБОКО СОЧУВСТВО ДО ЖРТВИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА!

Родина Македонија искажува длабоко сочувство до жртвите од земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија. Нашите молитви денес се за турскиот и сирискиот народ. Бог да ви даде сила да ги пребродите овие тешки мигови! Упатуваме апел до Владата на нашата земја, да прати итна помош во спасувачки екипи и хуманитарна помош.

ПрочитајДЛАБОКО СОЧУВСТВО ДО ЖРТВИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА!

ДЕЛЕГАЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА ВЕЧНОТО ПОЧИВАЛИШТЕ НА ВЕЛИКАНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Делегација на Родина Македонија, составени од Коста Јовчевски, Виолетка Петковска и Томче Ширков положи свежо цвеќе во храмот Св. Спас, на вечното почивалиште на апостолот на македонската револуционерна борба за ослободување на Македонија, Гоце Делчев. Условите во кои се одвиваше целиот настан, беа крајно понижувачки, недемократски и не содејствуваа со големината и идеалот на Гоце. Колонијата која носи име на туѓа држава „Северна“, е спротивна на идејата на Гоце за слободна Македонија. Ние до крај остануваме верни токму на тој идеал, слободна и суверена Македонија! Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/embed/#?secret=M4m3l6dUel#?secret=yhFeyVOrVu

ПрочитајДЕЛЕГАЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА ВЕЧНОТО ПОЧИВАЛИШТЕ НА ВЕЛИКАНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

80 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА НА СОВЕТСКАТА АРМИЈА ВО ГОЛЕМАТА СТАЛИНГРАДСКА БИТКА!

Родина Македонија упатува братски честитки до рускиот и советските народи по повод 80 години од победата на Советската армија во битката за Сталингард. Македонскиот народ кој беше дел од антифашистичката коалиција, не ја заборава жртвата на рускиот и советските народи, без кои немаше да се победи фашизмот. Ние се поклонуваме на тие жртви!

Прочитај80 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА НА СОВЕТСКАТА АРМИЈА ВО ГОЛЕМАТА СТАЛИНГРАДСКА БИТКА!

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ПОСЛЕ ВЕК И ПОЛОВИНА ГИ ОБЕДИНУВА МАКЕДОНЦИТЕ!

Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба, нашиот учител кој го будеше поробениот македонски народ од вековното турско ропство, после век и половина повторно го обединува и сплотува македонскиот народ, токму околу идеалот за НЕЗАВИСНА, СУВЕРЕНА МАКЕДОНСКА држава. Политички партии со различни идеологии, организации, поединци, сите сплотени во мислата и идеалот заедно ќе го чуваат почивалиштето на нашиот Гоце Делчев од врховистички игри кои, како и во ХIX век, така и денес, се водени од западните центри на моќ. Родина Македонија како суверенистичка и народна партија упатува јавен повик до своето членство, симпатизери и народот македонски за мирно и достоинтвено бдеење пред почивалиштетото на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, од петок попладне, па сѐ до сабота, кога делегација ќе положи цвеќе. Од четворицата синови на Никола и…

ПрочитајГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ПОСЛЕ ВЕК И ПОЛОВИНА ГИ ОБЕДИНУВА МАКЕДОНЦИТЕ!

СТАНЕТЕ БРАЌА, НЀ ПРЕДАДОА!

Со овие зборови им се обратил домаќинот Митре на комитите од гоцевата чета, во мугрите пред самото погибие на војводата… …Сто и дваесет години подоцна во „слободна" и „независна" Македонија, одново нѐ предаваат и продаваат неразбраните безскрупулозни трговци од „нашата влада" и „нашата држава". Предавството е сѐ посилно и сѐ поприсутно од година в година. Слободно се веат знамиња на туѓи држави и организации, се искажуваат територијални претензии и закани за окупација сред Скопје, а се поведуваат прекршочни и кривични пријави за употреба на националното и семакедонско знаме - шеснаесетзрачното сонце од страна на родољуби. И сето тоа поминува незабележано! Провокациите одат дотаму што официјални преставници на соседни држави, евро пратеници од центарот на Скопје ни порачуваат дека ова е бугарска земја и дека ќе остане без рака…

ПрочитајСТАНЕТЕ БРАЌА, НЀ ПРЕДАДОА!

КОЈ ЈА ЛИКВИДИРА СЛОБОДАТА НА ГОВОР ВО 21 ВЕК !?

Вчерашниот ден ни го „разубави“ уште една активност на службите на западниот протекторат „Северна“, кои заедно со демонкратите од социјалната мрежа Фејсубк и нивните локални испостави ги избришаа профилите на Зоран Јованчев, претседавач на претседателството и Владимир Трајковски, член на претседателството на Родина Македонија.Без можност за жалба! Родина Македонија за неполни три години од своето постоење доживеа полициски информативни разговори на членови на Претседателството поради протест за присилниот карантин на нашиот народ, кривични пријави, условни казни за членови на претседателството и други членови од по 2000 евра, две бришења на официјалната интернет страна, постојани блокади на фејсбук страната со преку 10000 следачи, прекини на видео подкастот „Родински разговори“, упад и бришење на содржина во телефони, итн… Интересно е што тоа доаѓа од домашни и надворешни центри на кои…

ПрочитајКОЈ ЈА ЛИКВИДИРА СЛОБОДАТА НА ГОВОР ВО 21 ВЕК !?

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 21.10.2022 (петок), 21:30.

ТЕМА: 23ТИ ОКТОМВРИ РОДЕНДЕНОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА. ЗЛОУПОТРЕБЕН, ЗАБОРАВЕН, А ИДЕАЛИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НАПУШТЕНИ. НЕОПХОДНА Е ВОЗОБНОВА! Учесници: Стефан Влахов Мицов, Томче Ширков Водител: Виолета Петковска Во живо на нашата официјална ФБ страна и јутуб канал.

ПрочитајРОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 21.10.2022 (петок), 21:30.

ПОВИК!

Почитувани родољуби, браќа и сестри Македонци,23 Октомври е „Ден на револуционерната борба на Македонија". Овој ден кај народот е попознат и како денот на #ОРГАНИЗАЦИЈАТА. Празникот се празнува по повод основањето на МРО (Македонска Револуционерна Организација) во Солун 1893 год. Желбата од самиот почеток била ослободување, осамостојување и спас на Македонија и Македонците.На овој датум идејата и напорите за остварување на желбата добиле организиран облик. По тој повод РОДИНА МАКЕДОНИЈА ве повикува на 23 Октомври, недела, сите заедно да го одбележиме овој ден со моторизирано дефиле низ градот. ТРГНУВАМЕ: 18 часот, црква „Св. Петар и Павле“ во г. ЛисичеЗАСТАНУВАМЕ И ОДДАВАМЕ ПОЧИТ НА СПОМЕНИКОТ НА ОСНОВАЧИТЕ НА МРО: Наспроти Собрание на Република Македонија (18:30)ДЕФИЛЕТО ГО ЗАВРШУВАМЕ кај црквата „Св. Петар и Павле“ во нас. Ѓорче Петров Настанот е…

ПрочитајПОВИК!

НОВО СЕДИШТЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

Почитувани наши членови, поддржувачи, Родина Македонија се пресели во новите канцеларии во Центар, на адреса, Ул. Скопска бр.15, влез 1, прв кат, стан бр.2, Скопје, позната како зградата на глувонемите, во редот на Хотел Јадран. Приемни термини на нашата канцеларија се понеделник 18:00 до 21:30, среда 10:00 до 14:00, четврток 20:00 до 22:00, петок 10:00 до 14:00. Повелете, Ве очекуваме! Броеви за контакт: +389 70 403 439;  +389 70 403 413 Создаваме подобри услови за нашата заедничка идеја, подобра иднина за нашата Родина Македонија.

ПрочитајНОВО СЕДИШТЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 14.10.2022

ТЕМА: Почеток на вистинска глобална војна и консеквенцитеврз Македонците и општеството во целост! Учесници: Никола Чоневски и Томче Ширков, членови на Претседателството на Родина Македонија. На нашата официјална ФБ страна и јутуб канал.

ПрочитајРОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 14.10.2022