ОСТАВКА, ОСТАВКА, ОСТАВКА, „АЛЛ ИН“ !

Функционирањето на Владата на „Северна“, министерот Филипче, како и немање на Специјален кризен штаб за пандемијата од ковид 19 (има Комисија за заразни болести која само дава препораки до Комисијата во Владата, но нема никакви ингиренции понатаму) претставува опасност од највисок степен по здравјето на населението и националните интереси на Република Македонија. До јавноста пристигнуваат се повеќе информации за многу изгубени животи, но и животи на млади луѓе, по ходниците на девастираното здравство, уништувано од деценските рекетарски шаблони на здравствената мафија, партизација, непотизам. Од јавноста се сокриени многу успешни ефтини методи за лекување на Сарс-Ков-2. Очигледно, целта е да се пренасочи лекувањето во прескапите приватни клиники, каде за еден третман се бараат фантастични 13 000 евра. Не доследен прецизен протокол на матичните лекари како примарна здравствена заштита и чекање…

Прочитај ОСТАВКА, ОСТАВКА, ОСТАВКА, „АЛЛ ИН“ !

НЕМА ПАРИ, НЕМА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА!

Почина педесет и три годишниот текстилен работник Ристе Донев, кој цел живот од својот труд одделувал во Буџетот на Македонија, во здравствениот и пензински фонд. Почина затоа што за свои пари не доби соодветна лекарска грижа.Беше незгрижен од државните болници, а во приватна болница му беа побарани 12.000 евра за лечење од КОВИД 19. Сочувство до семејството! Ова е само еден тажен пример за знајните и незнајнитe кои ја изгубија битката со болеста заради негрижата, недоволната застапеност на медицински персонал (потценет, не доволно стимулиран), заради немањето опрема, заради недоволните капацитети. Заради несериозноста за воспоставување на вистинска стратегија за соочување и борба со болеста, но и самобендисаност и недозволување вистинските стручни лица да ги добијат потребните позиции! Родина Македонија ја прашува Владата на протекторатот Северна, дали во вонредни услови важат…

Прочитај НЕМА ПАРИ, НЕМА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА!