МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА Е АПОСТОЛСКА ЦРКВА, ТОА Е БЛАГОСЛОВ КОЈ РЕТКО КОЈА ЦРКВА И НАРОД ГО ИМА!
Повод за реобјава на реакцијата-колумна од 29.10. 2020 год е, „Признавањето‘‘ на Охридската архиепископија со јурисдикција во границите на С.Македонија, од страна на Светиот синод на Вселенската патријаршија и воспоставува канонско и литургиско општење со неа. А се остава на српската црква да ги уреди „управните прашања што ги има помеѓу неа и црквата во С.Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание“. Зачудувачки се честитките кои надвасаа од сите страни на едно овакво надефинирано признавање, полно со нејаснотии, недоречености, очекувани понижувачки уцени и пред се‘ изоставување на целосното име на македонската црква –Македонска православна црква Охридска архиепископија. 29.10. 2020 год Родина Македонија и македонскиот народ се сериозно загрижени, но и непријатно изненадени и разочарани од непринципиелниот однос на МПЦ – Охридската Архиепископија, која како дел…