ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ ОД БЛИЗУ

  • Post category:Колумна

(ЕСЕЈ НА ТЕОНА ТРАЈКОВСКА, ВНУКА НА ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ) Моето определување во овој труд е за македонскиот сликар Лазар Личеноски, кој е основоположник на Современото македонско сликарство. Во создавањето на овие основи во сликарството во Македонија се и сликарите: Никола Мартиновски и Димитар Пандилов како и скулпторот Димо Тодоровски, кој во некои спорадични мигови има создадено и неколку сликарски дела. Улогата на Лазар Личеноски и неговото сликарско, цртачко, таписериско и мозаично творештво се присутни пред сè во градењето на мојата личност, преку директните контакти со внукот од сестра (Стојана Бошнакоска), а мој дедо по мајка, арх. Драган Бошнакоски. Така мојата определба е да ги пренесам сознанијата што Драган Бошнакоски, од својот вујко Лазар Личеноски ги искажува, скоро во целокупното семејно живеење секојдневно и на секоја наша средба. Неговата улога…

Прочитај ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ ОД БЛИЗУ