БЕГСТВОТО НА МИЈАЛКОВ, ХОЛИВУДСКО СЦЕНАРИО СО БАЛКАНСКИ ГЛУМЦИ!
Началниче, Премиере, ТВ водителке, Судике, Обвинителке, се е тоа дел од еден стар, подобен, но веќе умрен систем, кој мисли дека може да го преживее и 21от век.. Му истече употребната вредност на Мијалков, со обезбедувањето на ⅔ за неуставна промена на името, како дел од геостратешкиот проект за влез на „Северна“ во НАТО. Слично како и со Муамер Гадафи, Садам Хусеин и Мијалков е пуштен низ вода, но, со малку театар, како што доликува за холивудско сценарио со балкански глумци. Ние како народ веќе ја живееме третата деценија од независноста на нашата држава Македонија, која западните сатрапи систематски ја уриваат. Дали некој од вас може да каже барем едно име од високата политика кое поради криминал лежи затвор? Тенковските делови на Бучковски? Приватизацијата на Таки Фити? Пругата…