Стоп за Орвеловската цензура на социјалните мрежи и преќутното одобрување на сите институции и корумпираните политички елити
Родина - Македонија го осудува најновиот бран на Орвеловската глобалофашистичка и анти-демократска цензура на Македонски патриотски портали и блогови како и лични постови на профили на поединци на социјалните мрежи. Бришењето на објави или забрани за објави како и злоуотреба на алгоритмите во осенчување на патриотскиот Македонски глас како што беше случај со Дудинка.орг, Коложег.инфо, Слободен Свет и многу други портали, блогови и поединци итн, ја соголува диктаторската и недемократска природа на однадвор наметната нелегитимна Хунта која е свесна дека нема подршка во народот и дека со аргументи не може да победи. Родина истовремено жестоко го осудува и молкот и преќутното одобрување на сите институции и сите корумпирани политички елити во Македонија на вакви жестоки акти потив слободата на говорот, слободата на мислење и против слободата на поединецот…