ЗА РЕД ВО ОПШТИНАТА – РЕД ВО ДРЖАВАТА!
ИЗБОРНА ПРОГРАМА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ОПШТИНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
ИЗБОРНА ПРОГРАМА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ОПШТИНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
На 17 октомври, заокружи 17!!!
После неуспешните обиди преку официјалните електронска пошта и телефонски броеви да добиеме информација колкави средства и припаѓаат на Родина Македонија за изборната кампања, Родина Македонија и јавно го прозива ДИК, два дена пред почеток на изборната кампања.Господа од ДИК, колкави средства и припаѓаат на Родина Македонија и на уште 110 други субјекти кои не се во Собранието, за изборна кампања?Би сакале да ја информираме јавноста и за донесените измени 1 минута до 12 од страна на ДИК, каде трошките 10%-те од вкупните средства наменети за изборна кампања на вонпрламентарни партии, 7% се префрлија на партии кои се во Собранието а немаат собраниски групи, а само 3% останаа за над 110 субјекти учесници во локалните избори.Позицијата и опозицијата земаат 90% од средствата за изборна камапња!Нам сосема ни се јасни…
КОАЛИЦИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВИСТИНСКИТЕ НАРОДНИ ДВИЖЕЊА, до Македонците по род и државјанство.Креирање на НАРОДНИ ЛИСТИ И КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТНИЦИ на општините во Република Македонија.ДА ГИ ВРАТИМЕ ОПШТИНИТЕ ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ И КАКО ДЕЛ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!Катастрофалната, самоуништувачка 30 годишна досегашна политичка агенда на најголемите политички партии се причина за тоталниот распад на државата Македонија, е најголемиот поттик за една оваква взаемна коалиција.Само македонскиот народ, кој е суверенот на нашата држава може и има право да одлучи кој ќе го преставува во институциите на системот.Водени од парадигмата дека секој од нас најдобро знае кој во неговата средина би можел да биде негов репрезент, упатуваме повик за предлози за кандидати за градоначалници и советници.Основната идеолошка матрица на РОДИНА МАКЕДОНИЈА е родољубието, честа, моралот, знаењето и професионализмот…