МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КОСМОНАУТИКАТА
На покана на Амбасадата на Руската Федерација, а по повод Меѓународниот ден на космонаутиката, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе на споменикот на Јуриј Гагарин. На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин советски космонаут направил успешен лет во вселената, прв во светската историја. Полетувајќи од космодромот Бајконур, неговото вселенско летало Восток-1 направило една обиколка околу Земјата и успешно слетало во регионот Саратов. Летот траел 108 минути, а два дена подоцна народот во Москва го пречекал со радост новиот херој, вселенскиот пионер. Историчарот Александар Железњаков ќе каже: „Гагарин го трансформираше човештвото од едноставен биолошки вид во вид кој може да го замисли целиот универзум надвор од Земјата.“ Во 2011 година овој ден, 12 април се прогласи за Меѓународен ден на космонаутиката од страна на Генералното собрание на ОН…