You are currently viewing ПОВТОРНО НА СЦЕНА КАУБОЈСКАТА АМЕРИКАНСКА (НА СТРАТЕШКИТЕ) ДИПЛОМАТИЈА

Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, пристигнува во земјата која е темелно урната од нивната хибридна војна, т.н. „Шарена револуција“, или како што вели самиот, во земјата на Албанците и православните.

За нас Македонците означување како православни не е навредливо, но од контекстот во кој е ова кажано, многу добро разбираме која е улогата на американската дипломатија, онаа која нам ни е добро позната! Во нивната перцепција оваа територија е земјата на Албанците, без друг национален елемент во неа, односно само верски – православен, со избришан македонски во целина.

За воља на вистината, гледајќи ја моменталната состојба и вклученоста на сите албански партии во Владата и привезокот СДС која е седната во нивен скут, но исти такви се и проамериканските ДПМНЕ, за кои прашање е дали сеуште можат да се наречат македонски партии, американците добро ја завршија работата со нивната Шарена револуција. Денес се случува напредна фаза на демакедонизација на Република Македонија.

Затоа Родина Македонија американските и западните политики ги смета за стратешки гробари кои веднаш после II Светска војна ги фрлија првите напалм бомби и тестираа ново оружје против Македонците и македонските села и градови во Беломорска (Егејска) Македонија.

Зошто сеуште Македонецот дреме во партии кои ги имаат американците за стратешки партнери, за нас е прашање од национален интерес, на кое сеуште немаме одговор.

Можеби чекаме уште некоја навреда или грубо физичко етничко чистење и на овој дел што остана од етничка Македонија?