МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КОСМОНАУТИКАТА

На покана на Амбасадата на Руската Федерација, а по повод Меѓународниот ден на космонаутиката, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе на споменикот на Јуриј Гагарин. На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин советски космонаут направил успешен лет во вселената, прв во светската историја. Полетувајќи од космодромот Бајконур, неговото вселенско летало Восток-1 направило една обиколка околу Земјата и успешно слетало во регионот Саратов. Летот траел 108 минути, а два дена подоцна народот во Москва го пречекал со радост новиот херој, вселенскиот пионер. Историчарот Александар Железњаков ќе каже: „Гагарин го трансформираше човештвото од едноставен биолошки вид во вид кој може да го замисли целиот универзум надвор од Земјата.“ Во 2011 година овој ден, 12 април се прогласи за Меѓународен ден на космонаутиката од страна на Генералното собрание на ОН…

ПрочитајМЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КОСМОНАУТИКАТА

ПРЕД ВИСТИНАТА И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ

РОДИНА МАКЕДОНИЈА целосно го поддржува викарниот епископ Стобиски отец Јаков во неговите напори да допре вистината до народот. Како вонпарламентарна партија тешко можеме да допреме до повеќе народ, единствено до верните наши гледачи и читатели. Долго време зборуваме на темата, ја разобличувавме Истанбулската конвенција, изворот на ова родовско зло! Достојниот владика преку организираните четири трибини со фондацијата Елеуса допре до народот за да конечно му се даде прилика да зборува и на мејнстрим медиум. За краткото отстапено време ги кажа сите вистински нешта, сите опасности кои демнеат, ја спомена и опасната Истанбулска конвенција која држави членки на ЕУ ја напуштија, некои не ја ниту ратификуваа. На последната трибина учество зеде и Коалицијата за заштита на децата за што сме посебно задоволни и почестени! Надеж влеваат искажаните ставови на…

ПрочитајПРЕД ВИСТИНАТА И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ

ПОВТОРНО НА СЦЕНА КАУБОЈСКАТА АМЕРИКАНСКА (НА СТРАТЕШКИТЕ) ДИПЛОМАТИЈА

Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, пристигнува во земјата која е темелно урната од нивната хибридна војна, т.н. „Шарена револуција“, или како што вели самиот, во земјата на Албанците и православните. За нас Македонците означување како православни не е навредливо, но од контекстот во кој е ова кажано, многу добро разбираме која е улогата на американската дипломатија, онаа која нам ни е добро позната! Во нивната перцепција оваа територија е земјата на Албанците, без друг национален елемент во неа, односно само верски - православен, со избришан македонски во целина. За воља на вистината, гледајќи ја моменталната состојба и вклученоста на сите албански партии во Владата и привезокот СДС која е седната во нивен скут, но исти такви се и проамериканските ДПМНЕ,…

ПрочитајПОВТОРНО НА СЦЕНА КАУБОЈСКАТА АМЕРИКАНСКА (НА СТРАТЕШКИТЕ) ДИПЛОМАТИЈА

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО „СЕВЕРНА“, ПРОТЕКТОРАТОТ НА ДИВИОТ ЗАПАД?!

За само една седмица се соочивме со недостаток на леб во продавниците, продолжија дојавите за бомби во училиштата, се случија убиства на блиски луѓе од власта, продолжи аферата Телеком преку која се проневерени милионски суми, а директен учесник е т.н. премиер и уште многу други нешта... Навистина, „нивната земја“ е на патот на каубојците од Дивиот Запад, нивните стратешки партнери кои опустошија цел еден континент и врз коските на домородното население изградија корпорации, истите кои денес се главната закана по безбедноста на светот, контролата врз човекот и неговото отчовечување. Владите на СДС и терористичката ДУИ, откако беа поставени во Собрание со нелегитимен спикер, инаку избран на скали, без потребно мнозинство, одамна го загубија моралниот компас. Тој неморал иако е прикриен со пропаднатата пропагандна машинерија на умрените национални телевизии,…

ПрочитајШТО СЕ СЛУЧУВА ВО „СЕВЕРНА“, ПРОТЕКТОРАТОТ НА ДИВИОТ ЗАПАД?!

Возобновител на ОРГАНИЗАЦИЈАТА или контроверзен „Бугараш“???

(Реакција по повод безочната кражба на македонска историја, личности и процеси) „Последниот македонски бранител и хранител, Тодор Александров, беше душата на македонската револуционерна борба. Тој земаше од богатите, посебно од најбогатите за да даде на сиромашните. Заштитник на сираци и вдовици, се бореше истовремено против три држави, кои ја поделија неговата земја, но и против самоволието на „големите сили“. Тој беше последниот Робин Худ, без да ја знае приказната за Худ. Александров припаѓаше кон оние ретки, но целосно исполнети мажи со сопствена мисија, кој не живееше свој живот, а го живееше животот на својот поробен народ. Непретенциозен, скромен, но притоа со нескршлива енергија и разум, секогаш имајќи ја пред очите големата цел - Независна Слободна Македонија. Сеуште го гледам тој редок човек, макар што поминаа 10 години откако…

ПрочитајВозобновител на ОРГАНИЗАЦИЈАТА или контроверзен „Бугараш“???

Како се “Отуѓуваат” Хидроцентрали? И Сега ХидроМицко е Мицко-Милионер или Мицко со ХидроБратучед?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Макфакс откри ексклузивна информација, изјавувајќи дека тој веќе не е сопственик на удел на хидроцентралите од 7 проценти, "гордо" пренесува ДПНЕ сајтот. Нам обичните граѓани ни останува нејасно како тоа се отуѓуваат Хидроцентрали. Да не збoруваме и како професор во сосема друга сфера со професорска плата кој никогаш не бил бизнисмен воопшто доаѓа до удел во хидроцентрали? Не знаеме, сме немале, па интересно е да ни се објасни каде завршуваат отуѓените хидроцентрали? Во дом за отуѓени хидроцентралчиња? Дали сега ХидроМицко е само Мицко со Хидро-Братучед? Или ако е продадено на неделниот таен пазар за хидроцентрали некаде околу Скопје каде од проценето 10-милионскиот (во Евра) заврши уделот на ХидроМицко? Ги подели ли со сиромашните како Робин Худ? Можеби ги даде за борба…

ПрочитајКако се “Отуѓуваат” Хидроцентрали? И Сега ХидроМицко е Мицко-Милионер или Мицко со ХидроБратучед?

Подршка на традиционалното Македонско Семејство и заштита од манипулативните програми на западот за негово растурање.

Програмска целина - Развој и заштита на семејството - Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео) За Јавна Консултација! Врска до Програмската Целина Заштита на Семејството на страницата на Родина Македонија Стратешка Визија за Развој и Заштита на Семејството Родина посебен акцент ќе стави на заштитата на традиционалното македонско семејство од аспект на социјалната сигурност, економска независност и заштита од манипулативните програми на западните институти за растурање на семејството. Заштита на детето Забрана за секаква идеолошка и друга индоктринација на деца од страна на политички и невладини организации со принципи спротивни на македонските традиционални вредности, ЛГТБ заедницата и други туѓи влијанија.Слободен развој на детето во универзалните и традиционални вредности. Заштита на детето од содржини кои веќе се дел од македонскиот медиумски простор а кои ја имаат истата улога на…

ПрочитајПодршка на традиционалното Македонско Семејство и заштита од манипулативните програми на западот за негово растурање.

Скратена и Модерна Државна Администрација, Слуга на Граѓаните и Фирмите – Вистински Македонски Пат – Повик За Јавна Консултација!

Програмскa целинa – Државна Администрација - Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео) За Јавна Консултација! Врска до Државна Администрација на страницата на Родина Македонија Од основните програмски цели 1.Прочистување на сите Македонски институции и администрација од кадар лојален на туѓи интереси. Основна Стратешка Цел Ефикасна и способна државна администрација со професионален менталитет на слуга на граѓаните и претпријатијата и нејзино драстично смалување и централизирање по сите министерства и воведување модерни методи на управување. Мерки за постигнувањето на основните цели Државни агенции и институции – Укинување на сите агенции и институции чии ингеренции се веќе дуплираат со ингеренциите на соодветните министерства.Јавни претпријатија – Намалување на одвишниот персонал во државните и локалните јавни претпријатија.Локална администрација – Укинување на одвишните ингеренции на општините и нивен премин во надлежност на државните министерства…

ПрочитајСкратена и Модерна Државна Администрација, Слуга на Граѓаните и Фирмите – Вистински Македонски Пат – Повик За Јавна Консултација!

Честит 8-ми Септември Македонијо! Повторно ќе те ослободиме! Ни една окупација не траела вечно!

Во 1991 година македонскиот народ на референдум се изјасни за самостојна, независна држава Македонија, матична и единствена држава на македонскиот народ. Овој чин представуваше крунисување на вековниот стремеж и борба на македонскиот народ за свое место под сонцето, за слободен живот за рамноправност во светот. Последната официјално призната окупација на Македонија била за време на втората светска војна. Но ова само за вардарскиот дел, останатите сеуште се окупирани. Во таа официјално призната окупација, окупаторот, фашистичка Германија, преку своите балкански послушници Албанија, Бугарија и Грција, ја управува Македонија и ги тероризира Македонците. Сегашната окупација повторно е од истите актери. Преширока, иако преочигледна, е темата на светско ниво, затоа ќе се задржиме само за вардарскиот дел, или официјално Република Македонија. По прогласувањето на независноста од југословенската федерација во 1991г, во…

ПрочитајЧестит 8-ми Септември Македонијо! Повторно ќе те ослободиме! Ни една окупација не траела вечно!

Визија – Основни Програмски Цели на Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео)

Потсетување на ставањето на темелите на на програмата Вистинскиот Македонски Пат објавени на страницата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА пред Василица, 12ти Јануари 2019, и положувањето на основните темелни принципи и програмските цели (1. Визијата) врз кои се темелат конкретните програмски целини (2. Стратегијата и 3. Деталниот Оперативен План) за ослободување на Македонскиот Народ од националното, економско, социјално ропство - Вистинскиот Македонски Пат! Ќе ја реализираме заедно со Македонскиот Народ и со сите слободолјубиви народи на светот! ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН. Спроведување на АСНОМ-скиот и духот на Уставот од 1991ва во сите законско-регулативни акти и во сите национални и општински институции. Поништување на сите закони и меѓународни договори кои се донесени под закана на сила, спротивни на Уставот, меѓународното право и…

ПрочитајВизија – Основни Програмски Цели на Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео)