Роден сум во Скопје, 1972 година. Моето образование го започнав во основното училиште „Јосип Броз Тито“, денешно „Димо Хаџи Димов“ во нас. Влае, Скопје, средно во електротехничкиот училишен центар „Михајло Пупин“ каде се стекнав со диплома електро-техничар, 6-ти степен на Машинскиот факултет на УКИМ, каде се стекнав со диплома машински инженер.
По завршување на студиите се вработив во НИП „ Нова Македонија“ како информатичар. Бев дел од комисијата за компјутеризацијата на редакцијата „Нова Македонија“. Во НИП „Нова Македонија“ завршив како уредник на интернет изданието „Нова Македонија“.
20 години работен стаж во приватна фирма, како менаџер за продажба.
1991 година бев последната генерација македонски регрути на ЈНА во Словенија каде ја почувствував на своја кожа безидејноста на македонската општествено политичка каста. Тоа беше моето прво животно школо каде непознавање на политичките процеси можеше по мене да биде животно загрозувачки, а беше за стотина македонски регрути во ЈНА. Слава им!
Општествени активности:
- Потпретседател и претседател на Здруженето на граѓани „Непокор“ во 2001 година, каде се спротиставивме на Рамковниот договор и учествувавме во формирањето на Моралниот суд, за морална осуда на сите потписници.
- Дел од проектот „Веритас“, кој е меѓу првите независни информативни портали во Република Македонија.
- Претседател на Здружението на граѓани „МИР“ за македонска-руско соработка каде потпишавме договор за соработка со руско меѓународно движење „РУСОВ“ и учествуваме на славистичка конференција во Белград со претставници од повеќето словенски земји.
- Дел од тимот за ребрендирање на политичката партија Народно движење во Единствена Македонија, каде го покривав делот за Евроазија. Член на ИК Единствена Македонија.
- Учествував во организацијата за доаѓање на големите филозофски мислители на истокот, Александар Дугин и Леонид Савин во Македонија, основоположниците на евроазиското движење.
- Основач и претседавач на Родина Македонија
Родина Македонија е финалето, односно круната на мојот општествен ангажман. Насобраното искуство и знаење од општествените активности целосно ги вложив во нашата организација. Мојот идеал за македонска организација која ќе пулсира во духот на македонизмот, соборноста и доброто, каде најдобрите Македонци ќе служат на својот македонски народ во прв ред, конечно се реализира.
Бог да ни даде сила да ја вратиме славата на Македонија и македонскиот народ.