Потекнувам од комитско семејство од таткова страна и партизанско од мајчина страна. Роден сум во Скопје, Македонија, Југославија. Основно училиште завршив во „Цветан Димов” како првенец на генерација, средно медицинско училиште во МУЦ „Др Панче Караѓозов” како првенец на отсек. Школувањето го продолжив на Фармацевтски Факултет на УКИМ каде се стекнав со титула магистер по фармација и на постдипломски студии на Економски Факултет на УКИМ каде завршив магистериум по фармакоекономија.

Паралелно студирав и на факултет за Болгаристика и Балканистика на Софијски Универзитет „Св. Климент Охридски“ каде ги завршив сите степени до магистериум, но не го полагав и завршниот испит.

Одамна сфатив дека е потребно да се биде и општествено активен за да се придонесе за подобар живот на сите, вклучувајќи го и моето семејство. После многу години општествен ангажман во разни здруженија и движења, се приклучив и на политичка партија, откако сфатив дека за жал, тоа е единствениот начин кој може да вроди со плод (да се постигнат целите за кои се борев преку останати форми на делување).

Мојот општествен ангажман опфаќа:

  • Член и основач на општествено христијанска заедница „ДОДОМА”;
  • Член на движење „Фронт за Македонија”;
  • Кординатор и претседател на движење „СУМ”- „Сите за Унитарна Македонија”;
  • Член на СМК- „Светски Македонски  Конгрес”;
  • Член и основач на МПЗ „СТАВ”;
  • Член и основач на К.Т „Народно движење #БОЈКОТИРАМ”;
  • Основач на МПЗ „Сончева Револуција”;
  • Заменик претседавач со Претседателството на П.П „Родина Македонија” 

Инаку сум верник, христијанин (православен МПЦ- ОА-ЈП), реал-рационалист, егзистенцијалист и љубител на Вистината.

Прифаќам и стимулирам било каков општествен и личен ангажман, поврзан со п.п „Родина Македонија”. Сѐ со цел да кажеме и да направиме нешто добро за нашата РОДИНА МАКЕДОНИЈА!