Роден во Скопје, во 1960 година. Основно и средно образование завршил во Скопје каде што и дипломирал на Правниот факултет. Работел во повеќе државни институции, а бил и советник на министер за наука, инспектор за авторско право и секретар. Во еден период бил директор на Дирекцијата за заштита и спасување и Главен командант на Република Македонија за цивилна заштита. Еден е од основачите на Здружението за македонско – руска соработка (МИР). Исто така, еден е од основачите на политичката партија Родина Македонија, нејзин заменик – претседавач на Претседателството во првиот состав, а сега е член на Претседателството и претседавач на Советот за Родина. Мотивот за учество во основањето и делувањето во Родина Македонија е во желбата да се придонесе кон националниот воздиг на Македонија и во враќањето на достоинството на македонскиот народ, срушени од досегашното ненародно делување на постојните западно услужни партии.
- Post published:април 23, 2021
- Post category:Uncategorized