Роден 03.04.1980 во Скопје. Основно училиште завршив во „Петар Здравковски – Пенко”, средно економско училиште во „Арсени Јовков”. Школувањето го продолжив на Шумарскиот Факултет на УКИМ каде се стекнав со титула дипломиран инженер за озеленување на животната средина. Работам како самостоен проектант за изработка на долгорочни планови за стопанисување со шуми  во ЈП “Македонски шуми”.

Одамна сфатив дека е потребно да се биде и општествено активен за да се придонесе за подобар живот на сите, вклучувајќи го и моето семејство. После многу години општествен ангажман во разни здруженија и движења, се приклучив и на политичка партија, откако сфатив дека за жал, тоа е единствениот начин кој може да вроди со плод  во правниот систем на Република Македонија (да се постигнат целите за кои се борев преку останати форми на делување).

Мојот општествен ангажман опфаќа:

  • Член и основач на здружението МиР – Македонија и Русија
  • Член на Претседателството и на Советот на Политичката Партија „Родина Македонија”