РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЈАВНО ГО ОСУДУВА ЧИНОТ НА АГРЕСИЈА СО ПРЕЛЕТОТ НА ВОЕНИ АВИОНИ НА НАТО И ГРЦИЈА НАД СУВЕРЕНОТО НЕБО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Македонскиот народ многу јасно и недвосмислено се изјасни на Референдумот од 30 септември 2018 година со отфрлање на договорот од Преспа, членството во НАТО и ЕУ. Етноцидот „Северна“, проектиран од западните и служби од соседството, многу скоро ќе биде предмет на судски процес и гонење, со откривање на веќе познати информации од таа операција на хибридна војна против Република Македонија и македонскиот народ. Прелет на воени авиони на неприфатени воени организации и странска земја над сувереното небо на Република Македонија, претставува чин на агресија и Родина Македонија и македонскиот народ како таков го осудува и упатува протест до НАТО и Република Грција. Родина Македонија добронамерно ја советува Република Грција да започне со спроведување на меѓународното право и правото на малцинствата во сопствената земја, а Европската Унија да започне…