Парламентарни избори, дилеми, предизвици и реалност

Нелегитимна власт, насилно променет Устав, нефункционален државен апарат, криминал до гуша. Како да се излезе од бесаќето во кое не втурнаа? Кубурот не го вадиме а изборите ги сметаме за предавство. Македонскиот народ е избркан од територијата на правото, потиснат е на туѓа териротија на која царува беззаконието. Помеѓу народот и неговата посакувана праведна македонска држава се наоѓа фронтовска линија. Од една страна вкопани во ров македонските патриоти, а од другата домашните квислинзи сдс-дпне со сите нивни потрчковци поддржани од криминалната западна елита како окупатор. Мртва борба, ни таму ни ваму. Дали да чекаме засилување во услови кога храната и муницијата се при крај, или да облечеме од окупаторските униформи и да се обидеме да се протнеме преку фронтот зад непријателските линии и да ги нападнеме од зад…

ПрочитајПарламентарни избори, дилеми, предизвици и реалност

Родина Македонија само првите 3 дена собра 300 потписи! Приклучи се за Слободна и Суверена Македонија!

Откако на 23.12.2019 Родина Македонија го објави почетокот на собирањето на потребните 1000 граѓански потписи за регистрација на политичката партија, за само првите 3 дена (од законските 90 дена) откако беа одбрани само дел од нотарите и вистинското собирање започна на 25ти Декември, веќе до 27ми Декември беа собрани 300 потписи од подржувачи на идејата за Слободна и Суверена Македонија!  Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години како дел од глобалната политичка револуција и во заедничка борба со сите слободољубиви народи против глобалофашистичкото зло и планираното национално, економско и лично ропство!  Изјавите за поддршка се доставени и се пополнуваат кај определени…

ПрочитајРодина Македонија само првите 3 дена собра 300 потписи! Приклучи се за Слободна и Суверена Македонија!

ЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ПРЕДВРЕМЕНАТА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕТО НА ПРOТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО Е НИШТОВНА!

За Родина Македонија, Предвремената ратификација во Собранието на Протоколот за членство во НАТО е НИШТОВНА, затоа што се ратификува во Собрание на антиуствната Северна, кое го води Претседател кој е избран надвор од собраниска процедура и спротивна на волјата на македонскиот народ искажана на Референдумот од 30 септември 2018 година и трите НЕ ЗА СЕВЕРНА, НЕ ЗА НАТО, НЕ ЗА ЕУ, обврска на секоја идна македонска власт. Народот е Суверенот, Суверенизмот е служење на народот, Служењето на народот е новото време. Време на Уставотворно Собрание, Референдуми, судски процеси за велепредавство, целосна реформа на македонската држава, за да нашиот народ зачекори во 21 век, век на големи промени, постзападен век, мултиполарен свет, развој, традиција, суверенизам. п.с. Родина Македонија го започна процесот на собирање на потписи за основање на политичка…

ПрочитајЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ПРЕДВРЕМЕНАТА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕТО НА ПРOТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО Е НИШТОВНА!

РЕАКЦИЈА ЗА ЕТНИЧКИ МОТИВИРАНОТО УЛИЧНО НАСИЛСТВО

Повторно и по кој знае кој пат тепани македонски деца од албански банди. Родина апелира до МВР и Судството да го расчистат случајот и санкционираат сторителите, иако немаме големи очекувања, бидејќи криминалот и тероризмот се насила инсталирани во највисоките државни институции. Затоа имаме репризирање на оваа етнички мотивирано насилство и дивеење. Човекови права бараат, терор спроведуваат. Во театар влегуваат, како во каменолом се однесуваат. Се декларираат како навивачка група за афирација на спортската култура, дејствуваат како група за физичка елиминација на наркокартел. Името им е шверцери а задачата вршење терор и сеење страв помеѓу македонското население. Целта е јасна, тивко етничко чистење. Протерување на Македонците од нивните вековни огништа. Беа арнаути, геги, балисти, шиптари а сега се албанци. Имињата сами си ги менуваат за да ги прекријат крвавите…

ПрочитајРЕАКЦИЈА ЗА ЕТНИЧКИ МОТИВИРАНОТО УЛИЧНО НАСИЛСТВО

И З В Е С Т У В А Њ Е

Врз основа на членовите 11, 12 и 13 од Законот за политичките патрии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/2004, 5/2007, 8/2007, 5/2008 и 23/13) и точката 2 од Одлуката за отпочнување на постапка за собирање на потписи за основање на политичката партија Родина Македонија, Иницијативниот одбор за основање на политичката партија Родина Македонија, на состанокот одржан на 16.12.2019 година, изготви ИЗВЕСТУВАЊЕ за отпочнување на постапка за собирање на потписи за основање на политичката партија Родина Македонија Се известуваат сите поддржувачи како и други заинтересирани лица дека започнувајќи од 23.12.2019 (понеделник) се отпочнува постапката за собирање на потписи за основање и доброволно членство во политичката партија Родина Македонија. Иницијативниот одбор на Родина Македонијa го изготви ова известување и го доставува до поддржувачите и до сите заинтересирани лица, заради…

ПрочитајИ З В Е С Т У В А Њ Е

Реакција на Родина Македонија, по повод заканите кон учениците кои го користат правото на протест, од директорот на средното училиште „Никола Карев“ од Скопје

Родина Македонија е згрозена од настапот на директорката на средното училиште „Никола Карев“, која од позиција на директор се закани кон учениците кои решија да протестираат за своето основно човеково право, правото на здрав живот во својата татковина Република Македонија. Позицијата директор, политичар, градоначалник, премиер, министер и други општествено одговорни функции се плаќаат од Буџетот на Република Македонија, односно од народот на Македонија и ако некој треба да понесе одговорност, тоа се тие одговорни позиции пред народот и родителите на тие деца. Родина Македонија укажува на компромитираноста на целокупниот општествено политички и образовен систем по однос на суштински прашања за државата, од рушење на уставниот поредок на Република Македонија, загаденоста на воздухот, судството,рекетот, криминалот, односно општествениот систем во целост и повикува на сеопшта мобилизација за преуредување на државата…

ПрочитајРеакција на Родина Македонија, по повод заканите кон учениците кои го користат правото на протест, од директорот на средното училиште „Никола Карев“ од Скопје

ПАСИИ ПО МАКЕДОНИЈА

  • Post category:Колумна

Дали постои увереност  дека страданиjата на Македониjа се казна Божjа? Признавам, jас не сум уверен во тоа. Така човек може длабоко да се огреши, ако смета дека сите народни или лични страданиjа се казна Божjа. Трите крста на Голгота не учат да бидеме краjно внимателни при оценката на било чие страдание и причините кои довеле до нив. На централниот од трите крста беше синот Божjи, коj великодушно ги презеде врз себе гревовите на целото човештво, а лево и десно од Него беа разапнати разбоjници и крадци, кои на таков начин ги доодуваа последните чекори од овоземскиот пат, одговараjки за своите (не)дела, сторени по сопствен избор. Тогаш... дали разапнувањето на Човекольубецот беше казна, ако се знае сето ова? Во долгиот ред на страдалници стоjат пророци, апостоли и голем броj…

ПрочитајПАСИИ ПО МАКЕДОНИЈА

ЗОШТО СЕ ФОРСИРАА ПРОПАДНАТИ ЗАПАДНИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ КОГА ИСТРАЖУВАЊАТА ПОКАЖУВААТ ДЕКА КИНЕСКИТЕ УЧЕНИЦИ СЕ ДУРИ ЧЕТИРИ ОДДЕЛЕНИЈА ПОНАПРЕД СО ЗНАЕЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ ВРСНИЦИ

  • Post category:Колумна

Родина ја осудува досегашна политика на сите влади на пост-независна Македонија за затупување на масите со копирање на фалични Кембриџи итн и со својата програма за образование ќе ја донесе Македонија на врвот на светските листи, бидејќи го гледаме образованието како фундамент на нашиот изворен самостоен економски раст кој ќе обезбеди благосостојба и национална, културна слобода на Македонија и Македонскиот Народ за следниве 1000 години. Дека Кина станува суперсила и во образованието кое е основа за нејзиниот спектакуларен економски бум покажа и едно светско истражување на 15-годишните ученици. Оние со образование под јаремот на глобалофашистите а со цел затупување на масите се далеку под просекот, како на пример САД а последниве децении и Македонија во која глобалистичките корумпирани марионети и ЕУ/НАТО папагали, по наредба на господарот воведуваа "Кембриџи"…

ПрочитајЗОШТО СЕ ФОРСИРАА ПРОПАДНАТИ ЗАПАДНИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ КОГА ИСТРАЖУВАЊАТА ПОКАЖУВААТ ДЕКА КИНЕСКИТЕ УЧЕНИЦИ СЕ ДУРИ ЧЕТИРИ ОДДЕЛЕНИЈА ПОНАПРЕД СО ЗНАЕЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ ВРСНИЦИ

ЗАПАДНИОТ МЕЧКАР И ГОЛЕМОАЛБАНСКАТА МЕЧКА

  • Post category:Колумна

„Без амин од албанците не смеело да се носи ниту една битна одлука“, „Апсурдно е со тројца Македонци да разговараме за од Господ дадено право да зборувам албански“, „Нема шанси да се сменат Преспанскиот договор, Законот за јазици и Договорот со Бугарија“. Овие наслови ги добивме како пораки во изминативе неколку дена од албанските лидери во Македонија. Епа господо од вечно обесправеното малцинство со најголемите првивилегии во светот, дали сте ја слушнале поговорката дека едно мисли мечкарот а друго сонува мечката. Вашиот танц беше воинствен и освојувачки се додека со звуци на томахавки свиреше вашиот мечкар, западната глобалистичката гајда. Но во последните неколку години таа гајда се издиша, а вашиот танц се претвори во хистерично скокање несинхронизирано со светските цивилизациски текови. Со кое право забранувате да носиме одлуки…

ПрочитајЗАПАДНИОТ МЕЧКАР И ГОЛЕМОАЛБАНСКАТА МЕЧКА

ПОДЗЕМЈЕТО, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАРОДНАТА КАСА ОД 3,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ВЕЧНИ ДОЛГОВИ И РОПСТВО

  • Post category:Колумна

Според меѓународни организации кои ги пратат стапките на корупција на државите во светот, Македонија се наоѓа високо горе со над 25% корупција. Заев кој е инсталиран од надвор да биде премиер на западниот геноциден проект „Северна“ изјави дека криминалот на ВМРО-ДПМНЕ во 10 годишниот период на владеење изнесувал над 5 милијарди евра и дека при враќањето на тие пари бројката ќе се прикажува на семафор на Триумфалната капија, бројка за која има докази од нелегално прибавените прислушувани разговори.Во обратниот случај се споменуваат истите бројки за 10 годишното владеење на СДСМ.Во суштина општествено-политички систем на државата Македонија проневерува над 25% од трудот на македонскиот граѓанин.Проценките на Родина се дека годишно Македонија во разни корупциски афери, црн бизнис, сива економија, шверц губи над 650 милиони евра од домашните рекетари и…

ПрочитајПОДЗЕМЈЕТО, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАРОДНАТА КАСА ОД 3,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ВЕЧНИ ДОЛГОВИ И РОПСТВО