You are currently viewing МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КОСМОНАУТИКАТА

На покана на Амбасадата на Руската Федерација, а по повод Меѓународниот ден на космонаутиката, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе на споменикот на Јуриј Гагарин.

На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин советски космонаут направил успешен лет во вселената, прв во светската историја. Полетувајќи од космодромот Бајконур, неговото вселенско летало Восток-1 направило една обиколка околу Земјата и успешно слетало во регионот Саратов. Летот траел 108 минути, а два дена подоцна народот во Москва го пречекал со радост новиот херој, вселенскиот пионер.

Историчарот Александар Железњаков ќе каже: „Гагарин го трансформираше човештвото од едноставен биолошки вид во вид кој може да го замисли целиот универзум надвор од Земјата.“

Во 2011 година овој ден, 12 април се прогласи за Меѓународен ден на космонаутиката од страна на Генералното собрание на ОН на иницијатива на Русија, по повод 50-годишнината од првиот вселенски лет на Јуриј Гагарин, со кој почнало истражувањето на вселената.

Во 2022 по повод Меѓународниот ден на космонаутиката, делегација предводена од Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во Македонија, положила венци на споменикот на Јуриј Гагарин во Скопје. На настанот присуствувале, амбасадорот на Кина Џанг Зу, амбасадорот на БиХ Драган Јакимовиќ, претставникот на амбасадата на Србија, почесните конзули на Русија во Битола и Охрид, Сергеј Самсоненко и Велимир Стојковски, претседателот на Македонско-руската стопанска комора Дејан Башлиев, вработени во компанијата „Лукоил“, делегација од општината Карпош, претставници на Рускиот центар при УКИМ и други.

Денес, по повод Меѓународниот ден на космонаутиката, делегација предводена од Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во Македонија, положи венци на споменикот на Јуриј Гагарин во Скопје. На настанот присуствуваа амбасадорот на БиХ Драган Јакимовиќ, почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, пратеникот и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ, делегација на компанијата „Лукоил“ на чело со регионалниот директор Андреј М. Куку, претставници на Рускиот центар при УКИМ, на МПЦ-ОА, како и делегација на политичката партија РОДИНА МАКЕДОНИЈА.

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија https://t.me/rodina_makedonija

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!