• Post category:Uncategorized

На денешен ден 1893 во Солун, е основана Македонска револуционерна организација МРО или попозната кај народот како ОРГАНИЗАЦИЈАТА со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот, ропството, превласта на околните народи и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет.
Била основана од шестмина револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, на иницијатива на Дамјан Груев. Со цел по пат на револуционерна борба да се извојува политичка автономија, а подоцна и независност на Македонија и Одринско. На основачкиот состанок усвоиле програма за дејствување, во која прва точка било БУДЕЊЕ И ПРОСВЕТУВАЊЕ на македонскиот народ и другите народности во Македонија. Бил усвоен Устав на Организацијата. Особено силен подем бележела по стапувањето во членство и во раководењето на Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански…
.
Со текот на времето Организацијата за независна Македонија на Македонците го менувала името : МОРО; ТМОРО, ВМОРО, ВМРО…Под влијание на Илинденците-партизани од кои најзаслужни Павел Шатев и Панко Брашнаров, партизанското движење за ослободување на Македонија од фашистите било именувано како ОРГАНИЗАЦИЈАТА ЗА НОБ ( Народно ослободителна борба).
.
По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, Павел Шатев со седумина партизани ( учесници во илинденското востание) се враќа во Македонија и се вклучува во политичкиот живот на македонската република. На 27 октомври 1944 година е кооптиран за делегат на АСНОМ, на Второто заседание на АСНОМ, одржано на 30 декември 1944 година, е избран за член на Президиумот на АСНОМ, а во април 1945 година станува прв министер за правосудство во првата Влада на слободна Македонија.
На првата седница на владата на република Македонија ќе изјави:
“Денес е најсреќниот ден во мојот живот, Организацијата конечно ја оствари својата цел -Слободна Македонија на Македонците, макар што е на само еден дел од нејзината територија.
НАРОДОТ Е ОРГАНИЗАЦИЈАТА-ОРГАНИЗАЦИЈАТА Е НАРОДОТ!
Тодор Александров-живеел и загинал за “Независима Македонија на Македонците“!

#РодинаЈаВраќаМакедонија

#РодинаЈаВозобновуваОрганизацијата