Во целост ви го пренесуваме писмото,
Почитувани,
Политичката партија Родина Македонија се обраќа до Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија за да ве запознае со актуелните случувања во нашата земја, но и со барање за посредување пред членките на Советот за безбедност на ООН и Народна Република Кина за насилието кое се врши од страна на западните земји врз Република Македонија и македонскиот народ, воопшто!
Веќе подолг временски период Република Македонија е предмет на специјална хибридна војна, преку која се руши уставниот поредок на Репбуликата, како и волјата на нацијата изразена преку двата референдуми од 8 Септември 1991 година и 30 Септември 2018 година, кадешто народот јасно и недвосмислено одговори на трите референдумски прашања со „НЕ“ за НАТО; „НЕ“ за Европската Унија и „НЕ“ за Преспанскиот договор, а „ЗА“ суверена Република Македонија!
И покрај јасно искажаната волја на македонскиот народ, западните земји и нивните локални испостави на Балканот, продолжуваат со проектот за насилно бришење на името и идентитетот на Македонците, менување и бришење на нашата славна историја и се под превезот за некакво членство во НАТО и ЕУ!
Сакаме да нагласиме дека токму Македонците како малцинство ги немаат основните човекови права во земјите членки на ЕУ и НАТО – Грција и Бугарија.
Во овие земји, веруваме дека ви е познато, е забрането да се декларираш како Македонец, а да не говориме за изучување на македонскиот јазик и негување на нашата милениумска култура и обичаи. Како пример ќе ги споменеме токму десеттината пресуди од страна на Судот за човекови права во Стразбур, во корист на македонските организации водени против бугарската држава и нејзиното асимилаторско однесување кога се Македонците во прашање. Ваква е состојбата и во соседна Грција, па со право заклучуваме дека е ова единствен пример на асимилаторско и нецивилизациско однесување кон еден народ, во случајов – македонскиот, како во поновата историја така и во историските случувања кои претходеа.
Почитувани,
Преку ова обраќање бараме да се заземете во Советот за безбедност на ООН и да го постави македонското прашање на дневен ред како безбедносна закана за Балканот, но и во поширокиот регион, за да спречиме нови војни и нова поделба на Македонија, но овојпат со катастрофален исход кој сосем извесно ќе доведе до целосно бришење на еден народ и на сите негови вредности создавани со милениуми!
РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Me raduva koga gledam kako Makedonecot konacno se budi od 30 godisnata zaslepenost od zaverata narecena evropska unia. Konecno treba da se osvesti i da si go najde patot kon prijatelskite zemji kade postoi meguseben respekt i civiliziarn diplomatski megudrzaven odnos.
Napred Makedonijo krajno vreme e da si ja vratime nezavisnosta Imeto i respektot!!!!!!
Makedon