You are currently viewing СОБРАНИЕТО КАКО ДОМ НА ТЕРОРИЗМОТ, КРИМИНАЛОТ, СТРАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ И АНТИМАКЕДОНИЗМОТ!

Собранието ја одби иницијативата за ставање на предлог законот за амнестија на осудените за „27 април“.

Ништо ново!

Собранието на Република Македонија, денес Собрание на „Нивната земја“, веќе подолг период е претворено во гласачка машина за амнестирање на УЧК терористи, реализирање на странски антидржавни проекти, лично енормно богатење и дом на антимакедонизмот.

Во суштина, тој Дом на демократијата е спротивност на се што е народната волја и идеалот на Македонецот за суверена и незавина Македонија.

За нас Македонците затворени за „27 Април“ се Уставобранители, тие се најдобриот дел од нас кои ни покажаа како треба да се реагира кога политичкото подземје ја превзема државата, преку хибридна војна и државен удар.

Во секоја друга држава, таквиот обид ќе беше спречен на уште погруб начин.

Потребни се коренети суштински промени, во начинот на кој се организира Македонецот.

Дремејќи во двете умрени кеш евроатлански матрици предводени од СДС и ДПМНЕ, со секој изминат ден ја губиме Македонија.

Од нас зависи дали ќе останеме најсрамната генерација, или ќе бидеме достојни на илјадниците македонски генерации кои живот дадоа за поправеден свет и слободна Македонија.

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!