Потекнувам од сосема обично, чесно Македонско семејство. Роден сум во 1984-та година во Скопје, Македонија. Основно училиште завршив во ОУ „Мирче Ацев” во Скопје, за потоа да го продолжам образованието во гимназија „Орце Николов”, исто така во Скопје. Со претходно познавање и афинитети кон областа на дигиталниот маркетинг, решавам да запишам и успешно да завршам академија за дигитален маркетинг, професија со која денес чесно си го вадам лебот.

Растејќи и градејќи го карактерот во вечната транзиција која ѝ се случуваше и (за жал) сѐ уште и се случува на Македонија – сфаќам дека ако сакам нешто да се промени во нашата татковина, морам да најдам истомисленици со кои организирано ќе делуваме кон остварување на тие промени. Она што се нудеше на политичката сцена беше под секое дно! Политички партии кои не нудеа ништо добро за обичниот Македонец, политичари кои ја продаваа државата за да си го наполнат џебот. Да се приклучам на некое такво злосторничко здружување значеше да одам против себе. Тоа не смеев да си го дозволам!

Од општествен ангажман можам да напоменам:

– Член на православен Христијански младински ангажман „ПРАВЕЦ”
– Член на општествено христијанска заедница „ДОДОМА”

Вистинољубив, верник, Христијанин (Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија и Јустинијана Прима).

Движејќи се индивидуално по сите протести од 90-тите години на минатиот век па наваму, не успевам да пронајдам автентична група патриоти кои навистина го мислат она кое го говорат. Во изминативе две години, на сите протести против погубните договори кои ги потпишаа домашните квислинзи, приметувам група луѓе на која Македонизмот ѝ е на прво место, пркоси на сите надворешни и внатрешни неприлики. По извесно време разбирам дека станува збор за политичка партија „Родина Македонија”. Иако никогаш не сакав да сум член на политичка партија, поттикнат од предавствата и деградирањето на Македонија и Македонскиот народ – решавам да станам активен член на ПП „Родина Македонија”.

Апелирам, го повикувам секој оној кој сака да учествува во градењето на подобра иднина на Македонија да не чека, да излезе од комфор зоната и да ни се приклучи во борбата за подобро утре на овој наш предаден, напатен и угнетен народ.

Македонија на Македонците!