Степен на образование:
ВСС / Дипломиран Економист
- ВСС / Диплониран Економист УНИВЕРЗИТЕТ КИРИЛ И МЕТОДИЈ Скопје / 1980 – 1984
- ВЕШТАК од областа на ЕКОНОМИЈА / ЛИЦЕНЦА УП1 бр.08-256/2022
- Стручно лице за монтажа и инсталирање на Фотоволтаични системи / СЕТИФИКАТ УП1 10-123/2019
Работно искуство: Како Дипл. Економист поседува повеќегодишно работно искуство сметано од Јануари 1985 година на повеќе одговорни и раководни работни позиции:
- Раководител на Сектор извоз-увоз во ТИКВЕШ КОМЕРЦ
- Комерцијален Директор во ФРИГО МАК Кланица и Ладилник Неготино
- Директор во ФРИГО МАК Кланица и Ладилник Неготино
Од 2018 година сум сопственик и управител на ФВТ КОНСАЛТИНГ Илија ДООЕЛ Кавадарци
Познавање на страни јазици:
Германски : писмена и усна кореспонденција
Француски: основно познавање
Сум верник, по вера Православен Христијанин на МПЦ – ОА.
Потекнувам од работничко семејство од Кавадарци.
Во општествено-политичкиот живот се вклучувам уште како ученик во Гимназијата Јосип Броз Тито во Кавадарци како член на СКПЈ.
Од 1986 година станав член на Реформские сили на СФРЈ. Во 1998 година станав член на ДЕМОКРАТСКА АЛТЕРНАТИВА, од 2006 год. станав член на ВМРО -ДПМНЕ а од 2018 година станав член на ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА.
Ценејќи дека програмскиот концеп на политичката партија РОДИНА МАКЕДОНИЈА безрезервно нуди политички правец на дејствување со кој ќе можи да се направат неопходните РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ во политиките на внатрешното и надворешно уреување на Република МАКЕДОНИЈА од 2022 год. сум член на РОДИНА МАКЕДОНИЈА.
На претстојните парламентарни избори сум носител на Листа за ИЕ 4 за РОДИНА МАКЕДОНИЈА што најискрено за мене претставува сериозен предизвик за мое несебично и енергично ангажирање во функција на постигнување на програмските цели на РОДИНА МАКЕДОНИЈА за радикални промени а тоа се:
- Поништување на преспанската Спогодба со Грција и поништување на договорот со Бугарија
- Обезбедување на унитарноста на Република МАКЕДОНИЈА
- НЕ во НАТО односно ослободување од канџите на НАТО
- НЕ во ЕУ од причини што Англо-саксонците т.е. Дипломатијата на ЕУ денес само прокламира некакви ЕУ вредности НО конкретно кон нас Македонците всушност наметнуваат дестуктивност и демонтажа на државниот систем на нашата Република МАКЕДОНИЈА.
Со исклучителна ПОЧИТ кон нашите претци, борци кои за слободна МАКЕДОНИЈА го положиле својот живот, сите Македонци мораме да го почитуваме АМАНЕТОТ и да се оттргнеме од деструктивниот процес на глобалистите што ќе значи да си ја вратиме Република МАКЕДОНИЈА како услов за просперитетна Република МАКЕДОНИЈА.
Растејќи и градејќи го карактерот во вечната транзиција која ѝ се случуваше и (за жал) сѐ уште и се случува на Македонија – сфаќам дека ако сакам нешто да се промени во нашата татковина, морам да најдам истомисленици со кои организирано ќе делуваме кон остварување на тие промени. Она што се нудеше на политичката сцена беше под секое дно! Политички партии кои не нудеа ништо добро за обичниот Македонец, политичари кои ја продаваа државата за да си го наполнат џебот. Да се приклучам на некое такво злосторничко здружување значеше да одам против себе. Тоа не смеев да си го дозволам!
Од општествен ангажман можам да напоменам:
– Член на православен Христијански младински ангажман „ПРАВЕЦ”
– Член на општествено христијанска заедница „ДОДОМА”
Вистинољубив, верник, Христијанин (Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија и Јустинијана Прима).
Движејќи се индивидуално по сите протести од 90-тите години на минатиот век па наваму, не успевам да пронајдам автентична група патриоти кои навистина го мислат она кое го говорат. Во изминативе две години, на сите протести против погубните договори кои ги потпишаа домашните квислинзи, приметувам група луѓе на која Македонизмот ѝ е на прво место, пркоси на сите надворешни и внатрешни неприлики. По извесно време разбирам дека станува збор за политичка партија „Родина Македонија”. Иако никогаш не сакав да сум член на политичка партија, поттикнат од предавствата и деградирањето на Македонија и Македонскиот народ – решавам да станам активен член на ПП „Родина Македонија”.
Апелирам, го повикувам секој оној кој сака да учествува во градењето на подобра иднина на Македонија да не чека, да излезе од комфор зоната и да ни се приклучи во борбата за подобро утре на овој наш предаден, напатен и угнетен народ.
Македонија на Македонците!