Skip to content Skip to footer

„ВАШАТА ЗЕМЈА“, 5Г ТЕХНОЛОГИЈА И НАТО !?

Родина Македонија е згрозена од шарлатанскиот однос на претседателот на „нашата земја“, кој како од магионичарска кутија скокна и викна: „Нашата земја“ ќе воведе 5Г технологија, тоа е нејзина обврска како членка на НАТО алијансата!

Несериозноста на овој веќе очекуван налудничав чин, е потврдена со втората точка на средбата со т.н. Совет на безбедност, каде се „разгледани“ можните импликации во врска со 5Г технологијата. Ако Советот за безбедност „официјално“ прогласува, односно анализира безбедносни импликации од 5Гтехнологијата, зошто тие се држат во тајност? Зошто граѓаните да не ги знаат опасностите од истата. Какви се тие опасности?

„Како членка на НАТО, „нашата земја“е обврзана стриктно да ги следи сите протоколи, при што едногласно било заклучено, дека владата и институциите мораат доследно да ги применуваат и да се придржуваат на правилата и препораките на НАТО. На Министерството за надворешни работи наложено му е да почне да подготвува меморандум за разбирање, сличен на оној каков што потпишаа некои земји, членки на Алијансата од регионот и пошироко, со кој ќе се наведат прецизно нашите обврски, обврските на компаниите, колку тие се компатибилни со работите‘‘ – рече Пендаровски.

Се прашуваме каква е таа логика на последователност на настаните, кога примарно се дефинира воведување на 5Г технологијата како обврзителна, а потоа како втора точка на состанокот се донесуваат заклучоци, се разгледуваат импликациите од 5Г технологијата, и нејзината безбедност односно небезбедност!?

За размисла е и податокот дека седницата на Советот доаѓа непосредно после средбата на самопрогласениот прв заменик премиер Груби со кинескиот амбасадор, на која се разговарало за 5Г технологијата, односно за очигледна бизнис зделка. Но, и брзата реакција на американската амбасадорка, во која инсистира на ставот на САД/НАТО за отфрлање на кинеската технологија.

Каква е оваа непромислена итност кога над 300 светски научници потпишаа меморандум за опсежно испитување на делувањето на 5Г технологијата врз човекот, животните, живите организми, растенијата, животната средина, воопшто и поднесоа соодветна докуемнтација во ООН и во европските институции?

Зошто сега се брза со воведување на оваа технологија, кога во исто време низ целиот свет расте отпорот кон 5Г технологијата, кога голем број градови, региони и некои држави ги користат своите правни ингеренции за да забранат воведување на оваа технологија? Словенија ја забрани 5Г технологијата, Чешка исто. Швајцарија и Русија заклучија дека се потребни сериозни научни испитувања за последиците на оваа технологија и е суспендирана примената на 5Г технологијата сѐ до докажување на нејзината безбедност. Изјавата на Мајк Помпео после посетата на Чешка https://www.reuters.com/article/us-usa-pompeo-czech-5g-idUSKCN2581JL и Словенија https://www.euractiv.com/section/china/news/pompeo-says-5g-declaration-protects-slovenia-against-authoritarian-threats/ . Дали се мисли специфично на Хуавеи технологијата или општо 5Г технологијата, останува да видиме.

Логично е прашањето, дали Македонија ќе биде експериментален полигон за 5Г, петата генерација на безжична технологија, која всушност преставува група од повеќе технологии, и пренесувањето со сигнал на распростирање со нови радио бранови!?

Сепак треба предвид да се земат и препораките на Европската комисија која предлага ускладен пристап и оперативна програма врз нациионална база, при што треба сериозна проценка на постоечката инфраструктура и ажурирање на задолжителните сигурносни закони, проценка на ризикот и максимално проценување од можните несакани ефекти.

Поставуваме едно реторичко прашање дали трката кон брзина на информирање и трасираниот пат кон транспарентната опседнатост кон „паметни градови“ е дефинитивна опција наспроти логичната здрава определба за живот во здрави градови