-Или, како се калеше глупоста- Колумна: Коста Јовчевски - Корчагин, Претседавач на Советот за Родина и член на Претседателството „Фашизмот е најреакционерна политичка идеја и форма на современата епоха со авторитарни, репресивни, антидемократски и со дискриминаторни идеи, со култ на силата и на насилството“(Кирил Темков) Деновиве, самопрогласените сопственици на светот,институционализирани во конгломератот – Европска Унија, имаа неформална средба во Толедо, Шпанија. Темата на неформалниот состанок на дипломатите била изнаоѓање на одржлив предлог за постигнување на праведен мир во Украина, а како гласноговорник кој ги соопшти нивните заклучоци постигнати таму, се јави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел. Тоа е истиот оној кој, неколкупати досега, успеа да не насмее по прашањето за Македонија, а посебно по прашањето за војната во Украина. Што расправале и…