СОБРАНИЕТО КАКО ДОМ НА ТЕРОРИЗМОТ, КРИМИНАЛОТ, СТРАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ И АНТИМАКЕДОНИЗМОТ!
Собранието ја одби иницијативата за ставање на предлог законот за амнестија на осудените за „27 април“. Ништо ново! Собранието на Република Македонија, денес Собрание на „Нивната земја“, веќе подолг период е претворено во гласачка машина за амнестирање на УЧК терористи, реализирање на странски антидржавни проекти, лично енормно богатење и дом на антимакедонизмот. Во суштина, тој Дом на демократијата е спротивност на се што е народната волја и идеалот на Македонецот за суверена и незавина Македонија. За нас Македонците затворени за „27 Април“ се Уставобранители, тие се најдобриот дел од нас кои ни покажаа како треба да се реагира кога политичкото подземје ја превзема државата, преку хибридна војна и државен удар. Во секоја друга држава, таквиот обид ќе беше спречен на уште погруб начин. Потребни се коренети суштински промени,…