Колумна: Зоран Јованчев, Претседавач на Родина Македонија Преспанскиот договор е договор без потпис од овластено лице, односно без потписот на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Со самото тоа, тој е НИШТОВЕН. Се што се случуваше пред и после него е анго-саксонски инженеринг. Настаните пред „Преспанскиот договор“, со таканаречената „Шарена револуција“, се со сите елементи на класичен државен удар. Тука да ги спомнеме и предистражните мерки превземени од судот, каде Зоран Заев, инаку во тоа време лидер на опзицијата ,му се закануваше на актуелниот тогашен премиер Никола Груевски, со надворешни моќни служби, дека треба да ја предаде власта. Јас во целост се согласувам дека Северна ќе живее и е реалност во евроатланскиот свет, затоа што токму тој генератор на моќ ја напојува. Само на англосаксонците им е дозволено…