СРАМ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 100 ГОДИНИ ВОЗДУХОПЛОСТВО НА МАКЕДОНИЈА!
На 16 септември македонското воздухоплоство одбележува 100 години.И повторно срам, голем срам и понижување на македонскиот народ! Грчки авиони ќе го одбележат овој празник на македонското небо! Родина Македонија прашува, дали ќе носат напалм бомби, да нѐ потсетат на 1948?Но сега напалмот е пософистициран, се нарекува политички притисок, европско знаменце, шарени револуции, терористи во власт, насилна промена на име, знаме, јазик, Бугари во Устав, територијална поделба, рамковни договори, итн. Може да ја прашаме и американската амбасадорка, дали има некој нов американски авион за таква намена, како во не така далечната 1948, кога САД на грчката авијација ѝ ги испорачува модернизираните авион „Хелдивер“ кои ги бомбардираа македонските села и градови? За овој срам и понижување на Република Македонија и македонскиот народ еден ден ќе се одговара пред народниот суд!…