ДЕН КОГА ВЕШТЕРСТВОТО ДОБИ СВОЈА НОЌ
Пишува: Коста Јовчевски – Корчагин, член на Претседателството на Родина Македонија 31 Октомври е ден кога вештерството во западната цивилизација си доби своја ноќ - „Ноќ на вештерките“! И, притоа, тоа бил нивен голем празник. Колку за појаснување, овој „ празник“ се слави (а, што ли слават?) ноќта спроти востановениот христијански празник од страна на западната црква црква уште во VII век од страна на папата Бонифација IV - Денот на сите светци, како годишен празник на христијанските маченици. Смислата на „празникот“ е контактирањето со натприродните сили кои се сметаат традиционално опасни за човекот (вампири, вештерки и други слични демонски суштества), па во таа смисла, по пат на подражавање на овие демонски претстави, тамошните луѓе се обидуваат преку маскирањето да го совладаат стравот од можното среќавање со своите…