You are currently viewing ДАЛИ ЌЕ СТАНЕТЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ ДО 2030 ГОДИНА, ЗАВИСИ ОД ВАС, КОЛКУ ПОБРЗО СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД КОЛЕКТИВНАТА МЕМОРИЈА ДЕКА СТЕ МАКЕДОНЦИ И ПОТОМЦИ НА ФИЛИП И АЛЕКСАНДАР!

Мина и овогодишната амбасадорска тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот“, со наслов:

„Северна Македонија, членка на ЕУ до 2030 година“,

во организација на Советот на амбасадори, на 12.1.2023 год, која се одржа во Клубот на пратениците.

На тркалезната маса, како што беше е најавено, се обратија претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорите на Шведска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка и Романија, заменик-шефот на мисијата од Амбасадата на САД, како и поранешните амбасадори: Александра Наќева-Ружин, Зоран Јолевски, Ивица Боцевски и Тихомир Илиевски и како и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

На тркалезната амбасадорска маса, округла но на ќош, некако најаграсивно експлицитен беше евро амбасадорот, кој ете, по некоја неслучајност е брегзит англичанец кој сака да нѐ внесе во ЕУ. Зарем може да биде попарадоксално и поизвитоперено?

Неколку „просветлувачки“ насоки од неговата екселенција Мистер Бин…ова …Мистер Гир,

  • ДАЛИ ЌЕ СТАНЕТЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ ДО 2030 ГОДИНА ЗАВИСИ ОД ВАС И КОЛКУ ПОБРЗО СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД КОЛЕКТИВНАТА МЕМОРИЈА ДЕКА СТЕ МАКЕДОНЦИ И ПОТОМЦИ НА ФИЛИП И АЛЕКСАНДАР!
  • Дали ќе станете членка на ЕУ до 2030 година зависи од вас и спроведувањето на реформите!
  • Ќе има подеми и падови и овде и во Брисел. Сметам дека долгорочниот пат, трасата е утврдена од ЕУ и ветувањето е реално. Зависи од оценувањето на взаемните потреби и интереси!
  • Нов импулс во европроширувањето дава состојбата во Украина (или со други зборови нашите интереси во моментов не се свртени кон Балканот туку кон Украина и рушење на Русија како светска сила!)
  • ЕУ-ИНТЕГРАЦИЈАТА МОРА ДА БИДЕ НАЦИОНАЛЕН ПРОЕКТ БИДЕЈЌИ ЌЕ ИМА БРОЈНИ ПРЕДИЗВИЦИ!!! (Ќе нема крај на уцените.)
  • Во врска со францускиот предлог и барањето на Бугарија за промена на Уставот, станува збор за суверена одлука на оваа држава, меѓутоа, јасно е дека со цел да се искористи импулсот во процесот на пристапувањето, промените во Уставот мораат да се направат!!!
  • Не ветувам дека повторно ќе се преговара за Договорот, до којшто тешко се дојде. (Дали ова значи дека западните бирократи конечно ќе сфатат дека македонското мнозинство не сака татковината да стане членка на ЕУ или пак ќе го забрзаат планот на федерализација и делење на Македонија?)
  • Не зборуваме за прескокнување на реформи туку за препознавање на различните начини на кои сме поврзани заедно врз основа на вредности, трговија, развој, безбедност и како заедно можеме да се осврнеме на клучните прашања на денешното време: климатските промени, зелената агенда, мирот и безбедноста, меѓународната конкуренција и трговија, поврзаност, миграција.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, по неброен пат повторува:

Потврдена практика на северните политиканти и платеничките бирократи од западните земји е упорно и непристојно игнорирање на народната воља искажана на двата референдуми кои јасно го трасираат патот на државата Македонија:

  • ИМЕ: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
  • НАЦИОНАЛНОСТ: МАКЕДОНСКА
  • ЈАЗИК: МАКЕДОНСКИ
  • СТАТУС: НЕЗАВИСНА И СУВЕРЕНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА
  • НЕ за ПРЕСПАНСКИОТ МОНСТРУОЗЕН ДОГОВОР
  • НЕ за ЧЛЕНСТВО во НАТО И ЕУ
  • НЕ за БУГАРСКИ ДОГОВОР
  • НЕ ЗА АЛБАНСКИ АПАРТХЕЈД, реализација на Тиранската платформа

Минаа 4 години од последните Уставни промени со кои го изгубивме името, идентитетот, јазикот, историјата.

Ниту еден афирмативен исказ од господата амбасадори во прилог на ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НАЦИЈА, ДРЖАВА!

ЗАСРАМЕТЕ СЕ!

НЕПОТРЕБНИ СТЕ!

ОТПОВИКАЈТЕ СЕ САМИТЕ СЕБЕ СИ, ЗАТОА ШТО НЕ ЗАСЛУЖУВАТЕ НИТУ ДА СТЕ АМБАСАДОРИ, А НАЈМАЛКУ ЕКСЕЛЕНЦИИ!

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Напишете коментар