(Јавно обраќање и документ кој е пратен на електронската пошта на Белата Куќа, адресирано до Претседателот Доналд Трамп, кое денеска јавно го објавуваме до американската, светска и домашна јавност со единствена цел вистината за случувањата со државниот удар во Република Македонија во скоро време да бидат предмет на домашна и меѓународна истрага, случувања кои ја даваат сликата како се рушат државите од внатре со таканаречената хибридна војна)

Почитуван Претседател на САД Доналд Трамп, би сакале да ја искажеме нашата поддршка и поддршката од македонскиот народ на вашите заложби за враќање на САД во служба на американските граѓани и враќање на правото, правдата подеднакво за сите, како и економски просперитет за целиот народ, кој е суверенот на една земја.

Подолг период човештвото е во заложништво на една одметната група на самопрогласена планетарна елита која направи огромно зло, вешто криејќи се позади државата САД, бомбардирајќи суверени земји и рушејќи легитимно избрани влади.

Денеска сме сведоци дека и самите САД влегуваат во таква една криза, која токму нејзините елити, тајни служби, дипломатски претставници и други државни службеници ги проектираа за други земји. 

Една од земјите кои пострада од таквите темни хибридни фашизодини планови е и нашата татковина Република Македонија.

Република Македонија веќе подлг период е цел на хибридна војна во која главна улога имаат службеници на американските тајни служби, Амбасадата на САД во Скопје, други претставници на администрацијата на САД, Соросовите невладини организации, невладини финансирани од САД и ЕУ, албански терористички организации кои оперираат на територијата на протекторатот Косово и домашната петта колона регрутирана од западните служби.

Во прилог ќе ви доставиме материјали кои може да бидат добра основа за започнување на истрага, истрага која најбрзо и најлесно ќе покаже како функционира целиот тој конгломерат на Темната држава на една мала територија како што е Република Македонија.

Прилог број 1.

Тогашен лидер на опозиција, денеска премиер на анти-уставната „Северна“, г. Зоран Заев, се заканува на премиерот на Република Македонија г. Никола Груевски со странска служба, за тој да се повлече од местото Премиер на Република Македонија. Тој разговор е снимен по судски налог, со пред истражни мерки. (https://www.youtube.com/watch?v=Fj_y4fO7dIE&feature=emb_title)

Прилог број 2.

Таканаречената шарена револуција, организирана од организации финансирани од Сорос, Отворено општество, Армијата на Сорос итн..Десетици милиони евра беа инвестирани во креирање на демонстранти со точно утврдена агенда, кои ги нападнаа институциите на Република Македонија, историските обележја и започнаа со уривање на уставниот поредок.

Само мудроста на нашиот народ, кој поминал низ многу крвава и тешка историја ги препозна наместени состојби со крвавите сценарија и ја избегнавме крвавата граѓанска војна, но плативме со инсталирање на целосно одродена власт, која спротивно на меѓународното право, Уставот и домашното право, го промени името на државата и насилно ја внесе државата во НАТО.

Логото на шарената револуција
Боење на Министерството за правда
Боење на полицијата
Сорос армија
Шарената револуција е позната и како бекатон револуција
Како се каменуваа институциите на Република Македонија
Тогашен лидер на опозицијата Зоран Заев, после државниот удар Премиер на Северна, заедно со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, сквернавење на институциите
Напад на полиција

Напад на полиција

Сквернавње на споменици
Слоганот на шарената револцуија, Нема правда нема мир

Во прилог и видео од случувањата:

Прилог број 3.

Терористичка организација УЧК, која влезе од протекторатот Косово од делот кој е под контрола на САД, каде воедно се наоѓа и најголемата американска база во југоисточна Европа, Бонстил. Улогата на оваа терирористичка организација беше координирано со Соросовата армија која ја нападна полицијата во главниот град Скопје, да ја развлечат полицијата и со тоа да го предизвикаат брзиот пад на легитимно избраната влада. Претседателот Ѓорѓе Иванов повеќе од 6 месеци бараше информации за оваа терористичка групација од своите сојузници САД, но не доби никаква информација. Во борбите загинаа 8 македонски полицајци.

Напад од делот на американската зона на Косово на територијата на Република Македонија, град Куманово, Диво Насеље.

Сегашност

Денеска на власт во преименувата држава се терористите од УЧК, Соросовите невладини војници, домашната петта колона кои извршија предавство и го урнаа уставниот поредок на Република Македонија и сето тоа менаџирано од Амбасадата на САД, Велика Британија и Германија.

Македонскиот народ кој е првиот народ врз кои беа фрлени напалм бомбите во Егејска Македонија после 2 светска војна, стана и прв народ на кој е направен социјален инжинеринг со бришење на неговото име, култура, држава.

Почитуван Претседател на САД Доналд Трамп,

Разоткривање на Македонскиот случај може да биде пресвртница во разобличување на сите нелегитимни дејствија на цели служби на Темната држава, амбасади, како и на невладините организации на Сорос и темната држава. 

Сето ова наше обраќање е со една цел, 

За еден многу похуман свет во кој сите народи ќе бидат еднакви.

Родина Македонија, Скопје, 04. Мај. 2020

This Post Has 2 Comments

Comments are closed.