You are currently viewing ЌЕ ЈА ИЗГУБИМЕ ДРЖАВАТА
  • Post category:Колумна

Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија

Реченицата или секвенцата ” Ќе ја изгубиме државата” е многу употребувана и злоупотребувана во поновата историја на Македонија. Но од кога хунтата стана власт и од кога Република Македонија стана “Нашата земја” енормно зачести употребата на таа реченица!

Со цел, никој да не ве лаже, но и да кажеме и направиме нешто добро, ќе ја елаборираме истата таа реченица:

1) Многу погрешно дури погубно за нас, е фактот што некои луѓе, групи и функции ја поистоветуваат државата со : татковината, идентитетот, битот, културата, народот, традицијата. Ако сакате државата ја поистоветуваат со Родината!
Значи да се разбереме, државата ја изгубивме многу одамна…Државата “Народна република Македонија” подоцна наречена СР Македонија ја изгубивме 1991. Тогаш ја изгубивме вистинската македонска држава.Кога ја добивме Република Македонија. Независната, унитарна и самостојна Република Македонија. Таа ја изгубивме со губењето на државните атрибути: Знамето, името, асномскиот устав, суверенитетот и др. А тотално ја изгубивме со потпишувањето на безусловната капитулација во 2001г Кога бевме поразени и окупирани од NATO и CIA.

2) Оваа дивоградба наречена “Северна” не е држава, уште помалку е наша, на Македонците. Таа е картел, мафијашки бастион, губернија, протекторат, резерват, експериментаториум…се е само држава не е!

3) Дека тоа е така, најдобрата потврда ја даваат сранците, нашите окупатори, пардон, стратешки партнери. Тие се почесто северна ја ословуват со ” Оваа теритотија” или “Вашата заедница”. Но и самите нејзини творци од хунтата ја ословуваат со ” Нашата земја” зошто? Затоа што знаат дека не е држава!

Најважно е да не очајувате и да сакате да си ја вратиме државата.
А ако сакате да си ја вратиме државата треба најпрво да ја возобновиме #ОРГАНИЗАЦИЈАТА.

А за да го оствариме тоа не треба да дозволиме да го изгубиме:

– Народот
-Идентитетот
-Ентузијазмот
-Образованието
-Православието
-Правото на избор

И се она поврзано со нашата РОДИНА МАКЕДОНИЈА.

Но внимавајте, ниту вие, ниту ние сами по себе не можеме ништо да направиме, затоа пристапете ни и помогнете ни
ДА КАЖЕМЕ И НАПРАВИМЕ НЕШТО ДОБРО ЗА МАКЕДОНИЈА!


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница