ЕДНА ГОДИНА НА НИВНАТА „СЕВЕРНА“ ОД ЧЛЕНСТВО ВО НАТО!

You are currently viewing ЕДНА ГОДИНА НА НИВНАТА „СЕВЕРНА“ ОД ЧЛЕНСТВО ВО НАТО!

Хибридната држава „Северна“, креирана од западните инжeнери за социјален инжeнеринг слави една година од членство во НАТО.

Го слават и првиот рекет за воена опрема нарачана од САД, кој не чини над 200 милиони евра, во услови на економска и здравствена криза, каде луѓе умираат по ходниците на здравствените установи, каде луѓето во колони одат во Србија на вакцинација, инаку земја која не е членка на НАТО и ЕУ.

НАТО, кој сака себе да се промовира како носител на демократија, со неговите специјални демократски пакети од ураниумски бомби и хибридни војни, не ја испочитува волјата на македонската нација со највисокиот демократски институт Референдум, каде на 30 септември 2018 година, јасно кажа дека не сака во НАТО, ЕУ и промена на име.

Во суштина, денеска во НАТО членува едно мртвороденче „Северна“, со бабици од умрениот комунистички систем и нивниот репрезентот СДС, со најцрпнатиот премиер некогаш роден, на кој единствена употребна вредност му е што денеска служи на евроатланските агресивни интереси и политика.

Република Македонија и македонскиот народ отсекогаш биле посветени на креирање на свет како културен натпревар на народите. Свет на мирот, почитувањето, различните култури.

Нашиот светол македонски светоглед воопшто не е компатибилен на било која евроатланска интеграција! 

Родина Македонија час поскоро ќе го врати достоинството на Македонија, исполнувајќи ја волјата на суверенот, македонската нација.

НЕ во НАТО!

НЕ во ЕУ!

Република Македонија!

Волјата на македонскиот народ од 30 Септрември 2018 

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/