ЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ПРЕДВРЕМЕНАТА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕТО НА ПРOТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО Е НИШТОВНА!

За Родина Македонија, Предвремената ратификација во Собранието на Протоколот за членство во НАТО е НИШТОВНА, затоа што се ратификува во Собрание на антиуствната Северна, кое го води Претседател кој е избран надвор од собраниска процедура и спротивна на волјата на македонскиот народ искажана на Референдумот од 30 септември 2018 година и трите НЕ ЗА СЕВЕРНА, НЕ ЗА НАТО, НЕ ЗА ЕУ, обврска на секоја идна македонска власт.

Народот е Суверенот, Суверенизмот е служење на народот, Служењето на народот е новото време.

Време на Уставотворно Собрание, Референдуми, судски процеси за велепредавство, целосна реформа на македонската држава, за да нашиот народ зачекори во 21 век, век на големи промени, постзападен век, мултиполарен свет, развој, традиција, суверенизам.

п.с.

Родина Македонија го започна процесот на собирање на потписи за основање на политичка партија. Бидете 1 од 1000 Основачи на Родина Македонија.

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/