Skip to content Skip to footer

ИЗБОРИТЕ НЕЛЕГИТИМНИ ПОРАДИ КРШЕЊЕТО НА УСТАВНОТО ПРАВО НА НАРОДОТ ДА БИРА СО АРБИТРАРНО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА И 2 ДРУГИ ПАРТИИ ОД ИЗБОРИТЕ!

Ги разголивме и извадивме на виделина пред цел македонски народ некадарниве и безобразни апаратчици под контрола на корумпираниве! Само од нас се плашат дека ќе го кренеме народот против нив и ќе ги урнеме со пенкало! Сите други ли им се под контрола? На легално и уредно регистираната партија Родина Македонија и на 2 други партии им е ускратено правото да поднесат изборни листи на насилните-на брзина- квази-т.н. „продолжени” избори, непостоечки правен термин измислен од дпне/сдс пржинската коалиција со цел да ја исклучат единствената неинсталирана и изворна опција во историјата на Македонија – РОДИНА!

ДИК беше должна согласно законската регулатива во Република Македонија да одговори на нашето барање поднесено на 9 јуни оваа година на ПИСМЕНО во рок од ТРИ дена. 

Во прилог доставуваме Меморандум кој е архивиран како основа за делигимитизирање на целиот изборен процес и за судски процес во слободна Македонија, а кој се однесува на водениот разговор помеѓу претставник на Родина Македонија и генералниот секретар на ДИК, Добре Јанчев. Обрнете внимание на „Ми е гајле за легитимноста на изборите, и дека за нив тие веќе “биле одржани на 12ти Април”,  и на „Молчењео на администрацијата значи дека барањето ви е одбиено“…Зарем не важи обратното? 

 МЕМОРАНДУМ

Реф: Записник од разговорот на претставник на Родина Македонија со Добре Јанчев – Генерален секретар на Државната Изборна Комисија на Република Македонија

09:05 часот на 15ти Јуни 2020 во канцеларијата на Добре Јанчев во ДИК

Родина Македонија: Добар ден, јас сум претставник на политичката партија Родина Македонија. На 9ти јуни поднесовме барање за учество на изборите, а немаме уште добиено одговор па дојдов да видам има ли одговор и ако има да земам копија.

Добре Јанчев, ДИК: Да, знам, нема одговор, и нема да има одговор.

Родина Македонија: Во која смисла нема да има одговор? Мора да има некаков одговор на официјално поднесеното барање, позитивен или негативен.

Добре Јанчев, ДИК: Молчењето на Државната Администрација е одговор! Нема да учествувате на избори!

Родина Македонија: Значи одговорот го имаме, ни го забранувате уставно-загарантираното право како регистрирана политичка партија да учествуваме во изборниот процес и правото на гласачите да бираат и да бидат бирани?

Добре Јанчев, ДИК: Да, нема да учествувате, затоа што процесот на поднесување изборни листи е завршен на 12ти Март 2020. Вие кога се регистриравте?

Родина Македонија: Да, точно, рокот за поднесување на изборни листи беше на 12ти Март, 30 дена до одржување на изборите, но за изборите закажани за 12ти Април. А тие се одржаа ли? Не се одржаа. Ние се регистриравме на 30ти март 2020 и имаме уставно-загарантирано право 30 дена пред сѐ уште неодржани и незакажани избори, кога и да бидат закажани, да доставиме своја листа.

Добре Јанчев, ДИК: За нас тие се одржаа на 12ти Април. Немате право, тоа е ваше мислење.

Родина Македонија: Не е тоа работа на мое или ваше мислење туку на факт дека со тоа свесно го кршите нашето уставно-загарантирано право 30 дена пред избори да поднесеме своја листа и правото на секого еден да бира и да биде биран и правото на оние кои од 12ти март наполнија 18 години, и правото на народот да бира меѓу сите регистрирани партии, а не само оние кои вие арбитрарно сте им ги пре-селектирале. Знаете ли дека со тоа цел изборен процес станува нелегитимен?

Добре Јанчев, ДИК: Ми е гајле!

Родина Македонија: Ви е гајле дека прв пат во историјата на Македонија на една легално регистрирана партија ѝ се забранува учество на избори? Знаете ли што зборувате, знаете ли дека ќе го обжалиме ова самоволие до сите домашни и меѓународни судски инстанци и до сите амбасади и меѓународни организации? Ќе кренеме огромна медиумска врева и дома и во странство, нема така тивко да помине ова, како што се надевате.

Добре Јанчев, ДИК: Не сте само вие одбиени, уште две други партии се одбиени.

Родина Македонија: Благодарам на информацијата, уште повеќе го засилувате нашиот аргумент, значи прв пат во историјата на изборите во Македонија на неколку партии им се ускратува уставно-загарантираното право да бидат бирани и уставно-загарантираното право на народот да бира, и се исклучени од изборниот процес и со тоа тој е целосно нелигитимен.

Добре Јанчев, ДИК: Ќе учествувате на другите избори.

Родина Македонија: Ќе учествуваме и ќе победиме, и на овие и на следните, и ќе ги збришеме овие сегашни корумпирани политички партии кои ве контролираат и ви наредуваат да го кршите законот за нив. Инаку, имавте должност во рок од 3 дена да одговорите на нашето официјално барање што вие не го сторивте што е прекршок, но ќе го официјализраме овој наш разговор како ваш одговор и образложение. Ви благодарам уште еднаш, пријатно.

Родина Македонија

Скопје, Македонија

15ти Јуни 2020

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/