ИЗГОРЕ ДРЖАВАТА!

You are currently viewing ИЗГОРЕ ДРЖАВАТА!

Светлиот ден Илинден помина во театарски претстави со лоши глумци, не достојни ниту за денот, ниту за делата на нашиот голем македонски народ.

Вчерашниот ден ни даде уште еден пример на целосно нефункционална држава со пожарите во Кочани и кочанско, но и на целата територија на ‘‘нивната земја‘‘, а нашата Република Македонија.
Ни покажаа дека живееме во франкенштајн креација од држава, која е неспособна за елементарна реакција, за да го заштити животот и живеалиштата на нашиот народ.

Ако ги гледате националните телевизии и слушате националните радија, на моменти си помислувате дека имаме сателити со кои можеме да гасиме пожари, држава која е многу богата и се расфрла со пари, купува воени транспортери во вредност од 210 милиони евра од САД, плаќа рекет на НАТО, доживува огромен економски и технолошки раст итн, итн …
И одеднаш почнуваат да пристигнуваат информациите од реалниот живот!
За ‘‘ЕР тракторите‘‘, мини авиончиња, немало пари за сервис, кој патем чини помлку од 100 илјади евра, многу помалку од целава денешна пародија на чествување, но исто така препорака или забрана да не сме шетале по шумите.
Таканаречениот претседател, изјавува дека хеликоптерите на АРМ навечер не можеле да летаат, дури наутро ќе дошле да помогнат во гаснењето на пожарот. Овие членки на НАТО беа?
Противпожарна кола по пат за Кочани се расипала итн, итн!
Тендер од милиони евра за службени возила на администрацијата.
Милионски суми за лубриканти и паради за ЛГБТ популацијата.

Ние ќе ја дадеме дијагнозата на овој политички систем!
Умрен, продуцира духовен и морален пад, смрт, распад.

Помагајте си едни со други во овие темни времиња за Република Македонија и Македонците, оставени сме сами на себе.
Редржавизацијата на Република Македонија, мора да започне, сега и веднаш, од нас РОДОЉУБНИТЕ МАКЕДОНЦИ!

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!

Пристапница